По долго време Врчак се враќа на сцената со нова песна: Какви се реакциите на јавноста?
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
Раде Врчаковски Врчак по долго време се враќа на македонската музичка сцена, но оние што очекуваа да слушнат музика во неговиот вообичаен стил како од минатото можеби останаа збунети заради долгиот вовед. Видеото не е само долга лекција, туку песната започнува на 1:55 и е во контекст на сите сериозни теми за кои што претходно зборувал. Ви се допаѓа ли?
Во новото видео од речиси два часа Раде Врчаковски Врчак ќе ви одржи лекција за тоа како изгледа нашиот живот денес, а ќе ги слушнете и темите за кои се опседнуваат луѓето – начин на исхрана, борба против ропство на животинчиња и секако, за сето тоа имаше провокативна најава на песната во стил на ТикТок видео на кое се смее и ја заведува публиката.
Очигледно ќе има уште нови песни во кои ќе имаме можност да откриеме дополнително што сака да ни каже Врчак.
„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Манастирски сон“ се само некои од песните по кои го помниме, а сега за да ја слушнете новата песна ќе треба прво внимателно да го ислушате најдолгиот вовед на сите времиња.
Во новиот видео спот кој трае околу 2 часа, можеме да го проследиме научниот труд на Раде за тоа како да си го подобрите здравјето со консумација на растителна храна... Сето тоа базирано на неговите долгогодишни истражувања, собирања информации и забележани искуства. Како што вели и сам, студирал медицина и има диплома од „Беркли“.
Сите откритија се сумирани во воведот на неговата нова песна насловена „Да ме лижнеш“, каде говори против „ропството на животинчиња“. Тој на Фејсбук сподели линк од новиот спот, а над него напиша:
„Во видеото има и официјална НАЈАВА НА АЛБУМОТ КОЈ ГО СНИМАВМЕ ВО АМЕРИКА (во PARAMOUNT, Калифорнија) со на Бруно Марс инженерот и одлични артисти од Лос Анџелес.
Амерички албум е, врв е албумот, велат самите Американци, меѓу кои се и искусни мегахит мејкери (соработници на светски познати ѕвезди со песни со милијарди гледаност на YouТube). Велат одлично ќе помине албумот во Америка. Албумот е веќе и со ISRC кодови на продуцентска куќа на Will I AM (ќе излезе во Америка пред лето 2024, а да се надеваме сите дека ќе е и порано).
Во видеото има подетални информации за сѐ ова (и како се случи сѐ), како и за научните откритија кои ни се случија во државата (а се поврзани со научните откритија, нешто поголемо од што може човек да сонува, ќе види и ќе чуе секој човек сè во видеото, за повеќе Нобелови награди да ни стигнат во државата се научните откритија велат професори), а во видеото има и информации до Светската Здравствена Организација за кој мора секој човек да чуе барем еднаш во животот, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без ропство на планетата Земја. Држете ни среќа“.
Ова е видео спотот со долгиот вовед што трае 1 час и 55 минути:
https://www.youtube.com/watch?v=kYuGvPi1-bk
За да ја слушнете само песната (без воведот) кликнете ТУКА.
Претходно Раде објави кратко видео во кое ја најави новата песна во Македонија, а многумина коментираат за неговиот нов изглед. Раде изгледа како да се подмладил, а во видео спотот ни откри која е неговата „фонтана на младоста“.