Маските на дечињата во Македонија за Halloween (фото)
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2022
Вештерки, костури и што уште не, во комбинација со издлабени тикви со свеќички... Како се маскирани дечињата во Македонија на Halloween?
Денес (31.10) е Halloween или Ноќта на вештерките и иако кај нас не се празнува, некои родители сакаат да им приредат забава на своите деца, па ги маскираат.
Пејачката Сара Мејс и шминкерката Фрози Фран се само дел од нив. Сара Мејс одлучи да биде вештерка заедно со ќерката Илина, а пак Фрози Фран го маскираше своето синче во костурски костим.
Ноќта на вештерките (Halloween, скратено од All Hallows' Evening — „Вечерта на Сите Свети“) е празник, кој според многу научници се смета дека првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain), додека други сметаат дека овој празник има христијански корени.
Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква.
Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги (trick-or-treat), посетување на „проколнатите“ места, палење логорски оган, маскенбал, резбање тикви, читање страшни приказни и гледање хорор-филмови.
Маските на дечињата од Македонија:
Синчето на стилистката Фрози Фран
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
Малата модна инфлуенсерка Фрида
Ќеркичката на Сара Мејс
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
Ќерката и синот на актерот Атанас Атанасовски и партнерката Александра
фото: Инстаграм
Синчето на Кристина Настеска, една од најубавите Македонки
https://www.instagram.com/p/CkX8Cy0rJuY/
Ќерката на докторот Ненад Лазаров
фото: Фејсбук
С. С. | Црнобело / инфо: Википедија