Јелена Спенџарска: „Постојано се зборува во негативен контекст за инфлуенсерите, демек ништо не прават - по што се познати?“
- Детали
- понеделник, 26 септември 2022
„Чисто информативно, луѓето заработуваат одлични суми на интернет, даваат откази од работа за да се занимаваат со Инстаграм, Јутјуб и слично. Ако вас нешто не ви е јасно во главата, тоа не значи дека не се случува“, гласи дел од објавата на Јелена Спенџарска.
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска, која на својот Инстаграм профил има повеќе од 45.000 следбеници, се огласи на тема која постојано се дебатира – дали инфлуенсерството е работа.
Таа проговори и за сите кои не ја поддржуваат, но и поддржуваат.
Нејзината објава гласи:
„ПРЕДРАСУДИ -
Кога ќе создадеш потполно нереална и невистинита слика за мене, а мене ме 'боли уво' да ја менувам.
Многу луѓе не ти даваат и нема да ти дадат никаква поддршка овде на профилот. Ќе им се допадне сè што прават Тања, Вања и Сања, ама НЕ и ТИ.
И ај тоа нема врска, туку после одреден период, без претходно никакво БРАВО или ЗДРАВО ќе им текне да ти пишаат – ‘Е, ај сподели го профилот, другарка ми изработува накит'!
А, чекај, извини јас на социјална служба да не личам?
Плус, цело време се зборува во негативен контекст за инфлуенсерите, демек ништо не прават, по што се познати па тие?!?
Чисто информативно, луѓето заработуваат одлични суми на интернет, даваат откази од работа за да се занимаваат со Инстаграм, Јутјуб и слично. Ако вас нешто не ви е јасно во главата, тоа не значи дека не се случува!
Затоа нареден пат, пред да 'исхејтате' некој овде, пробајте баш спротивното - да бидете барем малку љубезни и да кажете некој убав збор, никогаш не знаете кој ќе ви затреба во животот!
Ви праќам бакнежи на сите добри луѓе кои ме следите овде и кои секогаш сте поддршка и мотивација за сè што правам.
И никогаш не кажавте лош збор, туку полни со добронамерни критики. Вие сте ми инспирација!“