Македонка вежба и во осми месец од бременоста: „Свесна сум дека некои ме осудуваат, но јас ќе продолжам да ве мотивирам“

„Може да осудуваат само тие што не ги знаат придобивките“ – се вели во еден од коментарите на објавата на Драгана Младеновска, фитнес тренерот која и во осми месец од бременоста активно вежба, а видеата и фотографиите ги споделува на Инстаграм.

makedonka-vezhba-i-vo-osmi-mesec-od-bremenosta-svesna-sum-deka-nekoi-me-osuduvaat-no-jas-kje-prodolzham-da-ve-motiviram-01.jpg

Драгана Младеновска е магистер по фармација и диететика, аеробик и пилатес инструктор и сопственик на студио, а на Инстаграм редовно споделува објави во кои дава совети поврзани со здравиот начин на живот, рецепти за исхрана, но и семејни фотографии.

Драгана во моментов е бремена со своето прво дете, а објавува фотографии и видеа со коишто покажува дека иако е во поодмината фаза од бременоста тоа не ја спречува да продолжи со редовно вежбање. 

Во обид да ги мотивира сопствените следбеници и да ја поттикне свеста кај луѓето колку е важна физичката активност, Драгана која во моментов е во осмиот месец од бременоста, појасни кои се позитивните придобивки што ги забележала кај себе, затоа што редовно вежба и во периодот од втората бременост.

Таа неодамна во Инстаграм Стори сподели видео во кое бремена држи час по степ-аеробик, кое, како што вели, било споделено над 50 пати, а сега во нова објава детално образложи што мисли на темата.

makedonka-vezhba-i-vo-osmi-mesec-od-bremenosta-svesna-sum-deka-nekoi-me-osuduvaat-no-jas-kje-prodolzham-da-ve-motiviram-02.jpg

Драгана на самиот почеток напоменува дека е свесна дека некои од тие споделувања биле за восхит, а некои и за осуда.

„Вежбањето во бременост е голема табу тема кај нас и затоа воопшто и не ме чудат вакви реакции.

Бременоста не е период кога можете да постигнувате лични рекорди, но многу е важно како ќе го започнете целото „патување“.

Начинот на кој јас се однесувам овие месеци е начинот на живот кој го живеам повеќе од 15 години“ – нагласува таа.

View this post on Instagram

A post shared by Dragana Mladenovska (@dragana_fitlife)

Драгана вели дека односот кон телото што жените го имаат пред бременоста, физичката форма, кондиција и навики се клучни и од големо значење за тоа како би се одвивала бременоста.

„Првата бременост и вежбањето во текот на сите 9 месеци ми беа едно огромно позитивно искуство кое ме мотивираше да ја направам групата за трудници и низ годините наназад, а и сега да мотивирам многу идни мајки да бидат активни во бременоста.

Сега сум далеку поискусна и поуверена во сите придобивки кои ги носи вежбањето за време на бременост (секако ова се однесува за бременост која е нормална и без компликации)“ – вели таа.

makedonka-vezhba-i-vo-osmi-mesec-od-bremenosta-svesna-sum-deka-nekoi-me-osuduvaat-no-jas-kje-prodolzham-da-ve-motiviram-03.jpg

Драгана појаснува дека најмногу е фасцинирана и најсреќна од тоа што во текот на сите овие месеци има супер енергија, одличен сон, нема отоци, расте бебе кое се развива одлично и функционира сосема нормално.

makedonka-vezhba-i-vo-osmi-mesec-od-bremenosta-svesna-sum-deka-nekoi-me-osuduvaat-no-jas-kje-prodolzham-da-ve-motiviram-04.jpg

Нејзината објава наиде на позитивни коментари. Некои од нив ѝ аплаудираат за тоа што се обидува да ја поттикне свеста за тоа колку е важно вежбањето и во време на бременост.

„Браво! Активноста во време на бременоста носи многу придобивки“, „Може да осудуваат само тие што не ги знаат придобивките“, „И јас вежбав во текот на втората бременост и ми беше многу поубаво, подобро да се вежба отколку да има несоодветно покачување на килограмите, што ќе резултира со низа компликации“ – стои во дел од коментарите.

makedonka-vezhba-i-vo-osmi-mesec-od-bremenosta-svesna-sum-deka-nekoi-me-osuduvaat-no-jas-kje-prodolzham-da-ve-motiviram-07.jpg

Напомена: Сепак, секое тело и бременост е различна и неопходно е да се консултирате со лекар пред да почнете да вежбате во бременоста. Дополнително, доколку ви биде дозволено, важно е тоа да го правите кај професионалец во областа за да избегнете несакани ситуации. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg