Инфлуенсерка од Свети Николе си приреди тематски 24-ти роденден - торта со сончогледи, впечатлив фустан (фото)
- Детали
- петок, 09 септември 2022
„Темата на роденденот ја одбирам сама, а фокусот е на бојата што во тој момент мене ме потсетува на убави нешта од мојот живот. Овојпат тоа беше жолтата боја, ме потсетува на сонце, свежина, топлина, на нешто ново и убаво. Оваа година ми се случија убави работи...“, споделува Јована Трајковска (24) од Свети Николе за CRNOBELO.com.
Јована Трајковска (24) од Свети Николе студира на Медицинскиот факултет во Скопје, има свој приватен бизнис, а во голем дел од времето е посветена на својот Инстаграм, работи како инфлуенсерка и има повеќе од 35.000 следбеници.
Таа со впечатлива тематска фотосесија го одбележи својот 24-ти роденден, а за CRNOBELO.com споделува детали за тоа какво значење има овој ден за неа.
Јована за својата традиција на организирање тематски родендени вели:
„Јас сум личност што отсекогаш му дава посебно значење на роденденот, го чувствувам тој ден како да ми припаѓа само мене и го доживувам како нова страница од мојот живот.
Можеби за тоа не бев свесна до мојот 18-ти роденден, но од тој ден, па до денес имам поинакво сфаќање за животот и секогаш сакам мојот роденден да го обележам со уникатна фотографија поразлична од претходната, која што секогаш ќе ме потсетува на таа измината година, која што всушност никогаш веќе нема да се повтори.
Темата на роденденот ја одбирам сама, а фокусот е на бојата што во тој момент мене ме потсетува на убави нешта од мојот живот.
Овојпат тоа беше жолтата боја, ме потсетува на сонце, свежина, топлина, на нешто ново и убаво. Оваа година ми се случија убави работи, се чувствувам многу повозрасно од претходно, но истовремено и млада за да го зачувам детето во себе.
Кога ќе ја одберам бојата, тогаш и сè останато од облека, торта, па до декорација паралелно го доближувам до таа боја.