Вирален статус на Македонец: Прваче на времето (те капат иако не е недела) vs. прваче денес (снимање со дрон)

Прваче некогаш: Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал. Прваче денес: Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо. Вирален статус на Божидар Божиновски...

viralen-status-na-makedonec-prvache-na-vremeto-te-kapat-ako-ne-e-nedela-vs-prvache-denes-snimanje-so-dron-01.jpg

Божидар Божиновски е познат по шеговитите Фејсбук статуси, во кои често на хумористичен начин доловува реални ситуации.

Сега, тој посвети објава на тоа како изгледаа првачињата некогаш, а како денес. И се пошегува и на сметка на нивните родители и целата организација.

Неговиот статус, кој стана вирален на Фејсбук:

Прваче на времето:

- Те капат иако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот...
- Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал
- Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си
- Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е
- Толку!

Прваче денес:

- Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката „Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна на горе. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час
- Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери
- Албум на Фејсбук „ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО” 274 слики, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо
- Нема само туркање вода... Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, владика да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека на нешто шо е задолжително по закон инаку следи казна

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонец: „Жена (39) од Србија сподели дека си го сака животот, иако нема деца - ... „Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Македонец со сопругата Унгарка и синот води „живот на тркала“ - готват во кампер во Италија, пеат ма... Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот ј...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg