„Сега сме 3, наскоро 4“ - Борко Ристовски и сопругата со фотки од плажа објавија дека очекуваат второ дете
- Детали
- среда, 13 јули 2022
„Сега сме 3, наскоро 4...“, напиша ракометарот Борко Ристовски, а неговата сопруга објави фотографија со трудничко стомаче и синот Душан како ја гушка додека уживаат на одмор.
фото: Инстаграм
Борко Ристовски го очекува второто дете со својата сопруга Николина, а убавата вест таа ја објави со фотографија од плажа на која се забележува нејзиното трудничко стомаче, а во чиј опис напиша „Мајка на 2“, додека одзади ја прегрнува синот Душан.
Македонскиот ракометар неретко вели дека неговото семејство е неговата најголема поддршка. Тој е 5 години во брак со својата сакана Николина.
Борко на Инстаграм Стори ја објави среќната вест.
На фотографија со сопругата напиша: „Сега сме 3, наскоро 4. Ќе имаме бебе.“
Нина во јуни го прослави својот 30-ти роденден, а пак нивниот наследник Душан наполни 4 години во април кога Нина му порача: „Ти ми покажа што е љубов и среќа, ти благодарам сине за секој миг. Во животот сакам прво да си среќен, а потоа сè по ред.“