Македонски пар собираше донации на свадбата, наместо цвеќе, за да платат сметки за струја на загрозени семејства

„Одлучивме да направиме скромна забава. Кога почнавме со самата организација за свадба сакавме да направиме нешто поразлично од класична свадба со прием на букети, подароци...“, ја почнуваат својата приказна Мики Димов (29) од Гевгелија и Марина Димова (28) од Скопје за CRNOBELO.com.

makedonski-par-sobirashe-donacii-na-svadbata-mesto-cvekje-za-da-platat-smetki-za-struja-na-zagrozeni-semejstva-01.jpg

Мики Димов (29) од Гевгелија и Марина Димова (28) од Скопје по две години врска ја крунисаа љубовта со брак на 18-ти јуни годинава во Скопје.

На својата свадба тие направија навистина хуман гест за да помогнат на загрозени семејства.

Тие за CRNOBELO.com ја споделуваат својата приказна:

„Одлучивме да направиме скромна забава со околку 120/130 луѓе. Кога почнавме со самата организација за свадба одлучивме да направиме нешто поразлично од класична свадба со прием на букети, подароци...

Дојдовме до идејата наместо букет цвеќе, луѓето да ставаат одредена сума на пари во кутија за донации, кој колку може, сака и мисли дека треба да стави.

Првичната идеја веќе ја имавме, сега останаа другите два дела, најпрво да го смислиме текстот за поканата, лесно разбирлив за сите и да не создава двоумици кај луѓето.

makedonski-par-sobirashe-donacii-na-svadbata-mesto-cvekje-za-da-platat-smetki-za-struja-na-zagrozeni-semejstva-02.jpg

Смисливме текст, го испринтавме на задната страна од поканата и како почнавме со делење на поканите, имаше доста прашања околу тоа... Каде, како, колку?

Текстот гласеше:
„Секогаш е убаво чувството кога радоста и среќата ќе се споделат со некој друг. 
Затоа драги гости, наместо букет цвеќе донирајте средства за лица на кои им е потребна помош! 
Кутијата ќе биде ставена на влезот во ресторанот! 
Ви благодариме!“

makedonski-par-sobirashe-donacii-na-svadbata-mesto-cvekje-za-da-platat-smetki-za-struja-na-zagrozeni-semejstva-04.jpg

Така дојдовме до некоја сума на пари од околу 15.000 илјади денари, која што реално не е многу голема, но сепак значителна за одредени луѓе.

Откако ги собравме овие средства, малку почнавме да истражуваме по интернет каде да ги донираме, а сепак на некој да му бидат од помош. Така барајќи, наидовме на порталот https://ways2help.us/ кој е малку по различен од сите досегашни начини на донирање средства, односно на нивната веб страна има директен контакт само со сметките за струја, вода, парно од лица кои не можат да си дозволат нивно плаќање. Од сумата која беше собрана од наша страна ние уплативме 9 сметки за струја на неколку фамилии, кои беа пред исклучување.

За жал, ова е само една капка во огромен океан, но се надеваме дека барем малку им помогнавме на овие луѓе.

makedonski-par-sobirashe-donacii-na-svadbata-mesto-cvekje-za-da-platat-smetki-za-struja-na-zagrozeni-semejstva-03.png

Идејата за да го направиме овој чин е нашето секојдневие во кое живееме, каде што голем број на деца, жени, мажи, физички моќни, немоќни лица се дел од системот за донации дали преку СМС пораки, донации на жиро сметки, каде што за жал животот на некој зависи од една, две или три СМС пораки... Жалносно, но вистинито.

Затоа нашата идеја беше да ја подигнеме свеста кај одредена група на луѓе, посебно оние кои што допрва би се решиле да прават прослава од овој тип, наместо цвеќе, да собираат пари и да ги донираат на лица кои навистина имаат потреба од тоа.

Нека среќниот ден за двајца млади направи уште посреќен некој кој има потреба од одредена помош. Затоа би сакале овој наш мал потег да биде поттик за идните свадби и прослави.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Струмичанецот Марјан Петров беше поканет на Модната недела во Париз: „Ме разочара Ирина Шајк“ „На Модната недела во Париз имав можност да се запознаам со светски познати моде...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg