Бајковита свадба на пар од Македонија во Ватикан, со благослов од Папата Франциск – први на Балканот (фото)
На венчавката присуствуваа нашите најблиски пријатели и роднините и беа воодушевени од целокупната организација и церемонија.
На крајот од церемонијата се потпишавме во светата книга на базиликата Свети Петар од која и добивме и венчален сертификат со благослов од Папата Франциск.
По црковната венчавка, прославата одлучивме да биде во еден од најпознатите локали во Рим „The Sanctuary“, луксузен ресторан и дискотека, каде треба посебна најава и има листа на чекање за влез.
Во овој локал на секој час имаше различна програма и тим за забава, со оган, па шоу со тапани и различни маски, па неколку диџеи итн.“
Ива и Антонио велат дека католичката венчавка навистина е иста како и на филмовите, а најмагичен момент им бил кога татко ѝ на Ива ја донел до пред олтарот, каде што ја пречекал Антонио и ја преземал нејзината рака, па застанале за благослов и церемонијата започнала.