Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Легендата за струмичкиот манастирски комплекс Водоча, чие име потекнува од ослепената војска на Самуил + најубавите фотки оттаму

Македонија изобилува со голем број цркви и манастири кои датираат од различни периоди на нашата историја, а приказната за манастрискиот комплекс во струмичко Водоча е тесно поврзана со приказната за падот на Самуил и неговата ослепена војска.

manastirski-kompleks-vodocha-mesto-shto-zadolzhitelno-treba-da-go-posetite-01.jpg

На само 4 километри од Струмица се наоѓа манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ или попознат кај народот само како Водоча, според името на селото што се наоѓа во непосредна близина, а кое е одлична дестинација како за големиот број верници, така и за сите што сакаат да дознаат нешто повеќе за историјата.

Според легендите, местото Водоча го добило своето име според грозоморниот настан од XI век (1014 година) кога по наредба на византискиот цар Василиј овде со железен жезол била ослепена 14 илјадната војска на Самуил (вади очи = Водоча).

Мештаните на селото Водоча, местото, односно полјаната, каде што се случил свирепиот чин го нарекуваат „Клисаро“ и тоа се наоѓа на самиот крај од селото, од левата страна на манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“.

Недопрената природа и убавината во околината на манастирскиот комплекс се доволна причина што голем број посетители одат и го посетуваат.

Најстар објект е ранохристијанската базилика, која потекнува од V и VI век. Комплексот е составен од три цркви, а најстара е куполната црква изградена во периодот од VII до IX век, која била разурната по пропаста на Самуиловата држава.

Западната мала крстовидна црква е изградена во периодот 1018 - 1037 година и е посветена на Богородица Елеуса - Воведение.

Средната куполна црква е најголема и претставува епископска црква. Таа е подигната кон крајот на XI и почетокот на XII век и е посветена на Св. Леонтиј.

Во XIV век манастирот претрпел катастрофален пожар, а во XIX век настрадал од силен земјотрес, но повеќе од 10 века тој е нем сведок на времето кое минува.

Разурнуван и повторно обновен, тој до ден денешен е една од попознатите места во Македонија кои треба да се посетат.

За неповторливата убавина на овој манастирски комплекс сведочат големиот број фотографии објавени на Инстаграм.

На следната страна погледнете дел од нив...



Би можело да ве интересира:

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg