Раде, радост си! - Новинарката Анастасија и Бетмен Велит ја објавија првата фотка од синчето
- Детали
- петок, 06 мај 2022
Анастасија и Богдан Илиевски - Бетмен Велит се родители на ќеркичката Дениција, која наскоро треба да наполни две години, а сега го добија и синот Раде. „Ништо не може да те подготви за првата недела дома со новороденче и тодлер, но и за мигот кога ќе ги видиш како двете мирно спијат...“, напиша Анастасија во описот од новата фотка од синчето.
Новинарката Анастасија Богдановска со сопругот Богдан Илиевски - Бетмен Велит на 27-ми април го доби синчето Раде.
„Утрото кога се роди синко: едно од најубавите изгрејсонца кои сум ги видела. Добредојде Раде, радост си. И веќе го правиш светот поубав“, напиша Анастасија по породувањето.
Сега, таа објави и фотографија од Раде во шпилхозни на кои со симболи пишува „Мама плус тато е еднакво на мене“.
Анастасија во описот на фотографијата искрено вели:
„Ништо не може да те подготви за првата недела дома со новороденче и тодлер. Исто така ништо не може да те подготви за моментот кога ќе ги видиш двете деца како мирно спијат, едното на твоја лева, а другото на твојата десна страна.“
Анастасија и Бетмен Велит се родители на ќеркичката Дениција, која во јули годинава ќе наполни две години.
Дениција беше присутна на венчавката на своите родители, која се случи во Охрид летото 2021-ва и на која таа го славеше својот прв роденден.