Дарко Влогс со солзи во очите за анксиозноста: „Првата сопруга ми беше патолошки лажго - имав тежок период, се гушев“

„Отидов на брод да работам, таму ја запознав мојата прва жена, која ме убеди да дојдам тука во Америка и после 2 месеци живеење заедно забележав дека нешто не е во ред и дека таа е патолошки лажго. Имав премногу стресни ситуации, борба за живот буквално, пукање, бркање со ножеви, тепање... Бев во премногу лоша ситуација затоа што бев дојден тука сам“, започнува со својата емотивна исповед Дарко Влогс.

darko-vlogs-so-solzi-vo-ochite-za-anksioznosta-celata-panika-se-sobirashe-vo-mene-prvata-sopruga-mi-beshe-patoloshki-lazhgo-01.jpg

Дарко Влогс, наш камионџија и инфлуенсер, живее и работи во Чикаго, САД со години, а од пред извесен период таму е и неговата сопруга Даниела од Битола.

Тој во видео на неговиот Инстаграм профил искрено проговори за проблемот со анксиозноста, паничните напади, но и неубавите искуства во животот кои го довеле до тоа.

Искрената исповед на Дарко Влогс:

„Не сте сами.

Јас сум анксиозен, можеби си и ти, не можеш да знаеш...

Анксиозност е ситуација за која човекот што се бори со анксиозност не може да му објасни на човек што не се соочува за тоа.

Сите ние што ја имаме знаеме што е точно и како влијае врз нашиот живот.

Во кратки црти... Живеев во Скопје, студирав во Битола, отидов на брод да работам, таму ја запознав мојата прва жена, која ме убеди да дојдам тука во Америка и после 2 месеци живеење заедно забележав дека нешто не е во ред и дека таа е патолошки лажго.

Детали што сè ми се случуваше не сакам да кажувам, не сакам да се навраќам на тие моменти затоа што ми се загрева телото, едвај ги заборавив тие моменти, но се потсетив пред една недела кога почнавте да ми раскажувате ваши ситуации на Инстаграм Стори.

Имав премногу стресни ситуации, борба за живот буквално, пукање, бркање со ножеви, тепање... Бев во премногу лоша ситуација затоа што бев дојден тука сам, ниту пријатели, ниту роднини, ниту знаев некого за да можам да му кажам за да ми помогне, а особено не можев тие ситуации да им ги кажувам на моите дома, па на нив да им правам стресови.

darko-vlogs-so-solzi-vo-ochite-za-anksioznosta-celata-panika-se-sobirashe-vo-mene-prvata-sopruga-mi-beshe-patoloshki-lazhgo-03.jpg

Буквално целата таа паника се собираше со мене, а јас не можев на никој да кажам.

Живеевме 10-12 луѓе во куќата на нејзиното семејство, беше огромна куќа, се борев 5 месеци пред нејзините да сфатат што навистина се случува и да одлучат дека мора да ја избркаат од дома. Верувале или не, таа беше избркана од дома.

Мене ме вдомија за да се исправам на прав пат буквално, за да застанам на нозе и ментално да не оболам. Тие цело време ја гледаа ситуацијата низ која поминувам, но не знаеја како да ми помогнат.

Тоа е во кратки црти што се случи. Е сега, кога нападна анксиозноста?

Размислував што да правам со мојот живот, имав период со по 3 кутии цигари на ден и многу алкохол и премалку јадење. Некои вечери се будев буквално со чувство дека срцето ќе ми излезе, некоја болка ме стегаше во градите и немав воздух, како да се гушев.

Тогаш не знаев дека поминувам низ нешто. Не бев едуциран. Исто така и мајка ми кога имаше анксиозност, ние ја правевме жената будала, ништо не ти е, доста глумиш. Затоа што не знаевме тогаш што е.

darko-vlogs-so-solzi-vo-ochite-za-anksioznosta-celata-panika-se-sobirashe-vo-mene-prvata-sopruga-mi-beshe-patoloshki-lazhgo-02.jpg

Паника ме фаќаше затоа што јас во Америка немав ниту здравствена книшка.

Едноставно лежиш во кревет, се препотуваш и броиш до 100 да пробаш да се смириш. Така беше 16 дена и на 17-тиот буквално си зборев сам со себе да пробам да си најдам решение.

Ме мачеше што да правам, што ако се вратам дома, понижувањето, како ќе објаснам зошто жената ме оставила, како на домашните да им објаснам што поминав, самиот си ги правев сите стресови и сфатив дека треба да најдам нешто за мозокот да ми биде зафатен со некои работи.

Како јас успеав да се справам со мојата анксиозност?

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Илина Арсова се пожали на цените во Охрид, Пандев се дружеше со Мурињо: Што прават македонските ѕвез... Маја Гроздановска Панчева славеше роденден, а Дарко Илиевски објави прва фотка с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg