„Матурантот од Хјустон“ - синот на Весна Петрушевска завршува средно училиште во САД, актерката горда
- Детали
- вторник, 22 февруари 2022
Синот на Весна Петрушевска живее во САД со нејзиниот поранешен сопруг, а сега Кирил стана и матурант. Тој ја посети мајка си минатото лето...
Синот на Весна Петрушевска, Кирил Тренкоски, во април 2021-ва година наполни 18 години, а сега тој е матурант.
Завршувањето на средното училиште на синот, Весна го одбележи со споделување на неговата матурска фотографија во чиј опис напиша:
„Матурантот од Хјустон. На мајка убавец Кирил Тренкоски.“
Инаку, Кирил пред неколку години се пресели во САД да живее со неговиот татко, а мајка си ја посети минатото лето, кога Весна се пожали дека 3 седмици со него ѝ летнале за миг.
Во Скопје со Весна живее нејзината ќерка Мина, за која неретко актерката сака да истакне дека таа ѝ е најдобрата другарка.
Прочитајте и „Летнаа 3 недели“ - Весна Петрушевска го испрати синот назад во САД
С. С. | Црнобело