Нашиот познат јутјубер Џипи емотивно се збогува со YouTube кариерата: „На 31-ви декември се разбудив со плачење“

Јутјуберот за крај говореше повеќе и за тоа како славата што ја уживал се одразила врз неговиот приватен живот. Според него, славата освен што му ги попречувала вистинските пријателства, во голема мера влијаела и врз неговиот љубовен живот. Како што вели, во последно време постојано бил прогонуван од девојки што само сакаат слава и ништо повеќе:

„Добро девојче што сака смирен и нормален живот нема да оди со јавна личност и сега кога ќе се тргнам од YouTube автоматски ги филтрирам сите што се заради слава и сите ќе си отидат и тоа ми е целта“ – вели тој.

marko-markovikj-gp-kazha-zbogum-na-youtube-smacheno-mi-e-sakam-da-gi-filtriram-lugjeto-shto-bea-so-mene-samo-zaradi-slava-03.jpg

Марко важеше за идол на младите генерации, а често му се случувало на улица да го сопираат и да бараат да се фотографираат со него. Иако никогаш не ги одбивал сопствените обожаватели за фотографија, признава дека воопшто не му било лесно:

„Се чувствувам како животно во зоолошка што мора постојано да е подготвено за слика, не знаете колку лошо тоа ми влијае, постојано внимавав некој да не ме познае за да не морам да се сликам постојано.“

За крај Марко упати јасна порака до сите јавни личности, но и до обичните луѓе:

„Не сакам веќе ништо со јавна личност, не сакам веќе ни трошка слава. Смачено ми е од слава…

Нека биде моево откажување од YouTube една поука и тоа не само за јавните личности, туку и за обичните луѓе: пробајте да вратите некои од старите морални вредности, тоа што нè прави луѓе, пробајте вистински да сакате, да не пробувате сите да ве видат и со секого да комуницирате, пробајте да верувате и да не лажете и пробајте да имате убави морални вредности.“

Инаку, Марко беше еден од првите од Македонија што упати јавна осуда за сајбербулингот по самоубиството на српската јутјуберка Кристина Ѓуќиќ. Освен што се збогува на YouTube GP го избриша и профилот на Инстаграм.

Во продолжение погледнете го неговото последно видео во целост:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg