Пар од Скопје прослави 50 години брак: „Се запознавме на корзо, тајната на бракот е разбирањето“

На денот на мојот роденден (17.10) наидов на шармантен брачен пар кој славеше 50 години брак, не можев, а да не им кажам дека ми се инспирација, а тие со мене ги споделија деталите од нивната љубов. „Смеј се, смеј се и само смеј се – тоа е тајната на успешниот брак...“, велат прекрасните Благој и Верица Димовски за CRNOBELO.com.

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-01.jpg

Постои вистинска долговечна љубов и локалните приказни за некоја таква ни се доказ за тоа и, за мене, се мелем за душа, а верувам и за вас.

Токму на славење на една таква љубов случајно наидов во еден скопски локал и тоа на 17.10 – денот кога го славев мојот роденден. Имаше тон емоции.

Прекрасен постар пар славеше, блескаа едноставно. Ги видов златните балони со бројот 50 и знаев дека станува збор за златна свадба.

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-06.jpg

Минале половина век во брак, тоа навистина заслужува да се прослави. Не можев, а да не станам и да им честитам, да им кажам дека ми се вистинска инспирација и дека би сакала сите да ја чујат нивната приказна.

Па, така си разменивме броеви со 75-годишниот Благој Димовски, за да не ги оптоварувам на нивниот убав ден, и се слушавме неколку дена подоцна за да ми ја раскаже љубовната приказна со неговата сакaна Верица Димовска (71).

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-04.jpg

Благој по потекло е од Битола, но од 2-годишна возраст живее во Скопје, а пак Верица е родена во срцето на Скопје, односно во населбата Дебар Маало.

На прашањето каде се запознале Благој ексклузивно за CRNOBELO.com ми откри:

„Каде? Па, на корзо, нормално. Јас бев тој што ја забележа прв Верица и морав да стапам во контакт со неа. Бевме три години во врска, а сега прославивме 50 години брак.

Прославата по повод златната свадба на која вие посведочивте всушност беше организирана во тајност од нашите ќерка и син. Тие испланирале сè до најситен детаљ и кога пристигнав во локалот бев запрепастен што сите наши блиски, сакани луѓе беа таму.

Си поминавме прекрасно, 50 години брак е навистина повод за славење.“

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-12.jpg

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-13.jpg

Потоа го потпрашав Благој, која е тајната на долгиот и успешен брак:

„Смеј се, смеј се и само смеј се. Гледај ја ведрата страна на животот, а некогаш извини се, дури и кога не си виновен. И нормално клучот на сè е разбирањето, толеранцијата, добрата комуникација. Мора да се зборува за проблемите, сите имаат кризни периоди, но мора со искрен разговор да се надминат истите.

Исто така, значаен дел од нашите животи е кампувањето. Ние сме искусни кампери, имаме 3 камп приколки. Моментално една е во Грција, а две морав да ги паркирам на плац во село Црешево, но пред тоа тие беа стационирани на езерото Треска каде имавме многу незаборавни мигови во текот на животот. Оттаму двајцата носиме прекрасни спомени.

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-09.jpg

Кампувањето има посебна магија, а таа се крие токму во слободата. Не сте врзани со никакви протоколи дека во толку часот мора да одите на појадок, а во толку на ручек, туку си се организирате како вам ви одговара.

Во текот на целиот ден сте релаксирани во шорцеви, а децата слободно си трчаат наоколу. Ќерка ми, родена 1973-та и син ми, роден 1982-ра, така пораснаа.

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-14.jpg

И немој да мислите дека кампувањето е евтин начин на летување, не е така. За тоа ви е потребна специјална опрема, па моќен автомобил кој ќе може да ја влече приколката и што уште не.

Но, сета таа организација вреди затоа што од камперските летни одмори ќе ги понесете најубавите спомени, како јас и Верица.“

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-10.jpg

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-08.jpg

На тема што му предизвикува носталгија кога мисли на минатото Благој вели:

„Корзото, многу ми недостига корзото. Тоа беше берза за информации, секој кажуваше што има ново и добиваше информации кој каде е и што прави. Тогаш не ни требаа телефони. Плус, на корзото ја запознав и мојата Верица.“

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-05.jpg

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-02.jpg

За крај тој додава дека секој во животот има кризни ситуации и најважно е колку што можат да се поминат побезболно со поддршка од брачниот партнер и дека најважно од сè е Господ да дава здравје и долг живот.

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-11.jpgНекогаш

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-07.jpgСега

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-02.jpgБлагој со неговиот брат

blagoj-75-i-verica-71-ja-proslavija-zlatnata-svadba-vo-skopski-lokal-se-zapoznavme-na-korzo-tajnata-na-brakot-e-razbiranjeto-15.jpg

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Локал во Скопје како од есенска сказна: Тикви и портокалови нијанси за совршени Инстаграм фотки Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината ...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg