Македонката што освои ерген во австралиско реално шоу: „Моето момче за првпат присуствуваше на македонска свадба и го водеше орото“
- Детали
- вторник, 11 мај 2021
Таа за својот сакан Локи Гилберт гордо напиша: „Ова буквално е неговото прво македонско традиционално танцување и тој веднаш го научи и се фати на чело на орото“.
Таа е природна, скромна, работи како медицинска сестра, потекнува од Битола, а живее во Мелбурн... Сега ужива во љубовта со „најпосакуваниот ерген“. Ирена Србиновска (31) победи во шоуто „The Bachelor 2020“ и го освои срцето на Локи Гилберт, кој од сите девојки ја избра токму неа за своја партнерка.
По завршувањето на шоуто парот ужива во љубовта и постојано патуваат заедно.
Сега, Ирена откри дека Локи за првпат во животот кај нејзината братучетка Стефани Србиновска присуствувал на традиционална македонска свадба. Интересно е што тој без разлика што не знаел како се игра оро и како одат македонските традиции, веднаш се фатил на челото на орото и го водел.
Таа гордо напиша: „Ова буквално е неговото прво македонско традиционално танцување и тој веднаш го научи и се фати на чело на орото“.
Потоа таа на своите фанови од Австралија им објасни: „Македонска традиција е да се оди наутро кај родителите на младоженецот и невестата за потоа сите заедно да одат во црква и да, игравме од 9 часот наутро до доцна вечерта.“
Ирена за оваа пригода изгледаше елегантно во свилен дизајнерски фустан од Shona Joy и со Cartier алка на раката.
„Ти танцуваше, пееше и конечно го запозна моето пошироко семејство. Те сакам толку многу“, му порача таа на Локи со фотографиите од нив направени на свадбениот ден.