„Свири им на ангелите“ – Маестралниот Зоран Џорлев почина на 53-годишна возраст
- Детали
- петок, 01 јануари 2021
Почетокот на 2021-ва донесе тажна вест – на 53-годишна возраст почина виолинистот Зоран Џорлев, колегите од естрадата се збогуваат од него на социјалните мрежи.
На 1-ви јануари 2021 година, нѐ напушти маестралниот виолинист, Зоран Џорлев.
На социјалните мрежи од него се збогуваат роднините, пријателите и колегите кои не можат да поверуваат на загубата.
Владимир Блажев – Панчо, Анета Наковска, Валентино Скендеровски и други колеги од естрадата се збогуваат од маестро Џорлев и му изразуваат сочувство на семејството.
Александар Митевски
Огромна загуба. Почивај во мир, маестро... Сочувство до семејството
Владимир Блажев - Панчо
Не се договоривме вака да ја почнеме годината. Македонија денес изгуби голем музичар, професор, пред се прекрасен сопруг и татко. Нека ти е вечна слава легендо, свири им на ангелите
Валентино Скендеровски
Почивај во мир Зоки. Нека ти е светол патот кон вечноста. Сочувство до семејството.
Коки Јанков
„Братче... Сочувство до семејството“
Анета Наковска
„Боже мили не можам да верувам, не можам солзиве да ги застанам, душава ми плаче. Зоки ни замина не можам да прифатам. Како да кажам почивај во мир на еден од најдобрите луѓе што ги познавав во животот, како да речам лесна му земја. Господи вечна му слава и покој на душата, сето царство небесно за неговата огромна душа. Маестро Зоки Џорлев, почивај во мир, мое најдлабоко сочувство за семејството.“ - напиша таа на Фејсбук објава.
Сашо Гигов - Гиш
Патувај со Песна во Вечноста, Брат. Вечен Помен и Слава. Сочувство до Семејството
https://www.facebook.com/saso.gigov.90/posts/728629391409081
М. М. | Црнобело