Прекрасна сопруга и три дечиња: Запознајте го семејството на легендарниот Горан Пандев (фото)
- Детали
- петок, 13 ноември 2020
37-годишниот Пандев од 2009 година е во брак со сопругата Надица и имаат две ќерки и еден син. Тие се неговото најголемо богатство.
Maкедонската фудбалска репрезентација испиша историја на чело со капитенот Горан Пандев, кој го даде победничкиот гол против Грузија. Македонија конечно оди на Европско првенство.
Но, што прави Пандев кога не е на терените? Кое е неговото најголемо богатство и безрезервна поддршка?
Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија, родена во 2018 година.
Инаку, Пандев е роден е на 27 јули 1983 година во Струмица.
И на 37-годишна возраст е виртуоз на фудбалскиот терен и македонска гордост.
Фотки од семејството: