Освој ваучер од 1500 денари: Халкбанк и ЦрноБело со поддршка за трговците погодени од кризата

Веројатно сите со нетрпение го очекуваме повторното отворање на рестораните и кафулињата, кои поради кризата предизвикана од коронавирусот, мораа да ги затворат своите врати, со цел да се превенира ширењето на пандемијата.

osvoj-vaucer-od-1500-denari-halkbank-i-crnobelio-so-poddrska-za-trgovcite-pogodeni-od-krizata-01.jpg

А, токму и угостителите се можеби и најгоре на листата трговци погодени од економските последици на кризата, па затоа ние заедно со нашиот партнер Халкбанк одлучивме да поддржиме еден од овие мали бизниси, со тоа што на еден наш читател ќе доделиме вредносен ваучер во износ од 1500 денари, кој со пријателите ќе можете да го искористите по отворањето на локалот.

Се работи за прекрасниот кафе бар Локал 45, кој се наоѓа на ул. Пиринска бр. 45 во Скопје и каде заедно со вашите најблиски ќе можете заедно да го прославите враќањето во нормала.

Независно дали ќе се одлучите за кафе-дружба и добар муабет по неизбежниот карантин, или пак за вечерно излегување со добра музика од некој скопски Ди-џеј, едно е сигурно: Локал 45 ќе ви пружи супер забава!

Сѐ што треба да направите е нашата Фејсбук објава да ја споделите јавно на вашиот Фејсбук профил со #ВажниСеЛуѓето и во коментар да ги тагнете другарите кои прво би ги однеле на дружење во Локал 45, а ние по случаен избор ќе прогласиме еден победник на 22.05.2020. Да помогнеме и да ги поддржиме малите бизниси чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови.

 

☕️🥤 Едвај чекаш да се отворат кафулињата? Сподели ја оваа објава јавно на твојот Фејсбук профил со хаштаг...

Posted by CRNOBELO.com on Tuesday, May 19, 2020

 

Би можело да ве интересира:

Локал во Скопје како од есенска сказна: Тикви и портокалови нијанси за совршени Инстаграм фотки Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината ...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg