Македонски дизајнер во Индонезија креира маски за луѓето што користат знаковен јазик
- Детали
- понеделник, 06 април 2020
„Во овој тежок период треба да се мисли на секого и да се помогне секому“, порачува македонскиот дизајнер Ненад Секирарски кој веќе 4 години живее и работи на Бали.
Македонскиот дизајнер Ненад Секирарски веќе четири години живее и работи на Бали во Индонезија.
Периодов наместо на модни дизајни, тој е насочен кон дизајни на заштитни маски кои ќе им помогнат на луѓето во време на корона.
За индонезискиот пазар тој креираше маска за луѓето кои користат знаковен говор и читање од усни и порачува дека треба да се помогне секому во овој тежок период.
„Во овие времиња на многу искушенија се соочуваме со работи кои често не сме ни свесни дека ги имаме како секојдневни придобивки. За жал, ваквите ситуации стануваат многу покомплицирани за луѓето кои и онака го живеат животот на поинаков начин.
Со носењето на обичните маски ограничената комуникација на луѓето кои го користат знаковниот говор и читањето од усни станува уште покомплицирана.
Токму како дизајнери треба да изнаоѓаме решенија да го подобриме живеењето во новосоздадените услови“, изјави Ненад Секирарски за CRNOBELO.com.
Заштитна маска за луѓе што користат знаковен говор и читање од усни (објавата е во Фејсбук групата 3Д Принт Медицинска Опрема):
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





