Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Состојба до 01.04.2020: Во Македонија 25 новoзаболени, а излечени уште 5 пациенти

Според најновото соопштение на Министерството, во земјава во последното деноноќие има 25 нови случаи, со што бројката на дијагностицирани вкупно изнесува 354.

sostojba-do-01-04-2020-vo-makedonija-25-novi-zaboleni-a-izlecheni-ushte-5-pacienti-01.jpg

За жал има уште една почината пациентка, но има и уште 5 оздравени пациенти. Досега вкупно се излечени 17 лица, а 10 лица починаа од вирусот во земјава.

Деталната состојба е следна:

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. 
По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  354 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 183
  • Куманово – 54
  • Дебар – 47
  • Штип – 15
  • Прилеп – 12
  • Тетово -13
  • Струга – 9
  • Велес – 6
  • Битола – 4
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  •  Гостивар – 1
  • Гевгелија – 2
  • Струмица- 1
  • Крива Паланка – 1
  • Кочани – 1

Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg