Состојба до 30.03.2020: Во Македонија има нови 26 заболени и 9 излекувани пациенти
- Детали
- понеделник, 30 март 2020
Министерот Венко Филипче ја објави состојбата на заболени со корона вирус во земјава до 30 март, 12 часот на пладне.
Во Македонија има 26 нови случаи со корона вирус, со што вкупната бројка изнесува 285 лица. За жал уште еден пациент почина, а уште 9 пациенти се пуштени на домашно лекување, со што бројката на излечени пациенти достигна 23.
Деталната состојба е следна:
Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.
Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.
Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.
Би можело да ве интересира:

