Состојба до 27.03.2020: Во Македонија има 18 нови случаи со корона вирус, вкупно 219
- Детали
- петок, 27 март 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја соопшти состојбата на заболени пациенти од корона вирус во Македонија до 27.03.2020, 12 часот на пладне.
Во последните 24 часа во нашата земја се потврдени 18 нови случаи на пациенти заболени со корона вирус, а детално состојбата може да ја погледнете во продолжение:
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (134)
- Дебар (43)
- Куманово (17)
- Штип (8)
- Прилеп (6)
- Охрид (3)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Тетово (2)
- Гостивар (1)
https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2347655065541513/?type=3&theater
Би можело да ве интересира:

