Македонија2025 доделува шест стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД
- Детали
- петок, 24 јануари 2020
Исклучителна можност за врвна едукација на македонските извршни директори и менаџери преку менторство, вмрежување и практично учење
Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори - Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да изберат помеѓу две тринеделни обуки: програма за развој на извршни директори или програма за корпоративно управување.
Програмата за развој на извршни директори се фокусира на подобро разбирање на окружувањето во кое се одвива бизнисот, клучните функционални области на управување, развој и спроведувањето на корпоративната и деловната стратегија. Програмата за корпоративно управување ги унапредува вештините на менаџерите за управување со раст и водење на компанијата низ предизвиците и можностите на современиот глобален пазар и влијае врз натамошен лидерски развој на учесниците со цел раст на компаниите.
Програмите за обука на извршните директори се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на современото лидерство. Тие ќе ги обноват и надоградат веќе стекнатите вештини на македонските бизнис професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонските компании, а со тоа и на целокупната економија.
Повикот е отворен до 20-ти февруари 2020. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање можете да најдете во отворениот повик на официјалната веб-страница на Македонија2025, достапен ОВДЕ.
За сите дополнителни прашања контактирајте нè на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..