Како дома да подготвиме свежо мелено кафе, во кое максимално ќе уживаме?

Пиењето кафе, особено првото утринско е посебно искуство, и најчесто момент кој сакаме да си го посветиме себеси. Секој човек што пие свежо мелено кафе, си има свој начин на подготовка и ако тој му одговара не треба да го менува, бидејќи тоа е неговиот момент.

kako-doma-da-podgotvime-svezo-meleno-kafe-vo-koe-maksimalno-ke-uzivame-01.jpg

Во прилог неколку совети за да кафето биде поубаво, а задоволството поголемо: важно е водата да биде што потешка, да се користи емајлирано џезве, бидејќи во него водата побрзо се загрева, а што спречува водата да омекне. Исто така, подобро е да користат помали џезвиња, доволни за едно или две кафиња. Водата треба да се загрее, но не и да преврие, бидејќи така ќе се расипе вкусот на кафето. Потоа џезвето се трга од шпорет, и во него се додава потребната количина свежо мелено кафе-една лажичка или две по шоља, во зависност од личниот вкус.

kako-doma-da-podgotvime-svezo-meleno-kafe-vo-koe-maksimalno-ke-uzivame-02.jpg

Кафето потоа добро се меша, се враќа на плотната, и кога ќе се подигне, подготовката е готова. Ако пиеме кафе со шеќер, тоа се додава во ладна вода. Кафето се сервира на местото каде што ќе се пие, а по сипањето во шоља потребно е малку време да се “смири”, за да дојде до израз аромата.Ритуалот на пиење кафе, освен што ни дава енергија за почеток на денот, зборува многу и за нас и за културата на земјата од која сме. Традиционалното домашно кафе е културното наследство на сите луѓе на овие простори кои уживаат во кафето. Во Македонија, кафето во никој случај не може да се подготви и испие на брзина. Прво, тоа е ритуал кој започнува со самиот чин на подготовка на кафето, чекајќи водата да зоврие. Исто така, кафето кај нас се пие во кое било време, и претставува чин на гостопримство кога некој ќе дојде на гости, прво да му се понуди кафе. Во суштина ние сме навистина дружељубиви луѓе, а кафето кое се пие брзо, во неколку потези, не остава простор за се она што е поврзано со пиењето кафе, а тоа е разговорот и заедничките моменти.

Советите се од Илија Ѓуриќ, професионален кафе-дегустатор на Гранд Кафе, единствениот во овој регион со експертиза повеќе од 20 години.

kako-doma-da-podgotvime-svezo-meleno-kafe-vo-koe-maksimalno-ke-uzivame-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg