Слатки задоволства без кои не можете да си го замислите патувањето
- Детали
- вторник, 09 јули 2019
Кога ќе започне летната сезона градот станува најмалку привлечно место каде сакаме да ги поминеме викендите и слободните денови. Близината на Халкидики или Охридското крајбрежје ни ги олеснуваат одлуките за тоа „каде да киднеме“ на викенд.
Вештината набрзина да се спакувате и да влезете во автомобилот станува лесна егзекуција. Со брзина на светлината ги пакувате куферите со најнеопходните летни парчиња облека, го вклучувате омилениот музички албум и го напуштате секојдневието во градот. Можеби затоа на повеќето луѓе летниот период им е омилен токму поради едноставноста, слободата и спонтаноста кои ни ги овозможува.
Покрај добрата музика која оди во фон и ви го прави патувањето забавно и пријатно важно е во автомобилот, посебно доколку сте сувозач да бидете спремни со грицки и слатки задоволства кои ќе го држат вниманието и нивото на среќа на завидно ниво. Постои голем избор на ваков тип на храна, она на што е важно да обрнете внимание е ужинката да не се топи на повисока температура и при тоа да ве извалка и вас и автомобилот. Затоа можеби најзгодни слатки се житните бисквити или пак крцкави вафли кои се лесно сварливи имаат хранлива вредност. Македонскиот производител Макпрогрес со нивната линија на слатки задоволства Винчини имаат широк асортиман на ваков тип на занимации кои ќе ги направат патувањата забавни и за вас многу едноставни.
За најмалечките ви предлагаме да ги изненадите со производот на Винчини Viva La Vita чијашто беспрекорен квалитет ги освојува нивните срца на прва. Од истата линија згодни за да ги понесете на одмор се и наполитанките, кои се идеални за ужинка, или по оброк.
И не заборавајте да правите попатни паузи кои ќе ви помогнат да земете воздух, возачот да се одмори и да направите куса прошетка која е добредојдена по секое долго седење. Препорачливо е на секои два саата да направите 15 минутна пауза а по потреба можете и почесто.
Со нашите куси совети и предлози се надеваме дека ќе имате пријатно лето исполнето со многу патувања и време поминато со пријателите и најблиските!