Млади и успешни жени од Македонија во новата Nike кампања
- Детали
- среда, 03 јули 2019
Се повеќе девојки се вклучени во спортовите кои досега беа „резервирани“ за мажите. Трудот, мотивацијата, желбата за успех и енергијата која ја следи една спортистка на фудбалскиот терен се отсликува во фитнес салата, на патеката за трчање, во базенот... со самото тоа целата Nike колекција оваа сезона е во духот на жената и фудбалот, и оваа инспирација од силните жени е пренесена и во новата Nike Performance колекција.
ОСМЕЛИ СЕ ДА БИДЕШ НАЈДОБРА. НАЈДОБРА ВО УЧИЛИШТЕ. НАЈДОБРА ВО ГРАДОТ. НАЈДОБРА ВО ТРЕНИНГОТ. НАЈДОБРА ВО ДРЖАВАТА. НАЈДОБРА ВО СВЕТОТ.
Лицата на новата NIKE тренинг кампања во која фокусот е новиот Dare To Be FE/NOM BRA – градник за тренинг се: Елена Бубало – индивидуален и групен фитнес тренер, и Антонија Локвенец – блогер и фитнес ентузијаст.
Страста кон спортот, енергијата и желбата за себенадминување е она што ги карактеризира младите девојки на фудбалските терени. Истите чувства ги споделува и Елена Бубало за време на своите тренинзи и фитнес напревари, тоа што ја мотивира да продолжи и во најтешките моменти е желбата за рушење на своите граници и рекорди. Антонија е неуморна и одлучна, карактеристики кои треба да ги има секоја млада девојка, без разлика дали е професионален спортист или ентузијаст за активен живот.
Елена Бубало е персонален и групен фитнес тренер, и не се плаши да ги живее своите соништа. Преку својата работа таа ги мотивира младите девојки да го направат истото – да се стремат да ги живеат своите соништа, да ги надминат предрасудите за способноста на жените во спортот. „Фитнесот е компетитивен спорт во кој жените се гледани како „понежниот“ пол. Тоа ми дава дополнителна мотивација да го дадам најдоброто од себе, па дури и повеќе од тоа. Надминувањето на сопствените рекорди и неоткажувањето од сопствените соништа е клучно за успехот. Не треба да ги прилагодите своите цели на околината, сменете ги околностите да стигнете до целта.“ Истакнува Елена.
Антонија Локвенец – младата девојка кој ги освои социјалните медиуми со својата позитивна енергија и желбата да ги инспирира и мотивира младите девојки. „Во животот треба да имаме јасна цел каде се гледаме себеси. Кон целта не се стигнува преку ноќ, за тоа треба да се работи континуирано и на сите полиња од животот. Во тој процес има и падови. Она што е најважно е да останете силни и да продолжите понатаму посилни и посмели.“ Истакнува Антонија.
За сите млади девојки и жени кои се осмелуваат да бидат Fenom-енални, Nike на 05ти јули (петок) организира настан на кој ќе се разговара за позицијата на жената во спортот преку панел дискусија со: Силвија Митевска – Претседател на Здружението ТАКТ, Билјана Миланова – истакнат женски фудбалски судија, Елена Бубало – пресонален и групен фитнес тренер, Антонија Локвенец – блогер и фитнес ентузијаст, Александра Дичевска – претставник на Агенцијата за Млади и Спорт. Модератор на панелот ќе биде Магдалена Спасовска – Извршен директор на Здружението ТАКТ.
Воедно присутните ќе имаат можност да се предизвикаат себеси преку несекојдневен групен тренинг воден од Елена Бубало исполнет со забава и изненадувања. Настанот ќе се одржи на платото на западниот влез на Skopje City Mall и започнува во 18:30 часот.
За присутство потребно е да се регистрирате на следниот линк http://sneakerevent.com/mkd-2/ или да се пријавите во Nike Shop продавницата во Skopje City Mall.
Најновата Nike колекција, за жените кои не се плашат да сонуваат и да ги остваруваат своите соништа, можете да ја пронајдете во Nike Shop продавницата во Skopje City Mall.