Бимилк повторно ги награди своите најдобри фармери кооперанти

Нови рекорди во производството на сурово млеко поставени на традиционалниот „Ден на фармери рекордери на Бимилк“

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-01.JPG

Битола, 16 мај 2019 г. – Денес во Битола компанијата Бимилк беше домаќин на традиционалниот „Ден на фармери рекордери на Бимилк“, настан што компанијата традиционално го организира во чест на своите фармери кооперанти што во изминатата година забележале рекордни резултати во производството на сурово квалитетно млеко.

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-02.JPG

На „Денот на фармери рекордери“, Бимилк им додели признанија на најуспешните фармери за нивната професионалност, посветеност во работата и активен придонес во одржувањето успешна соработка со млекарницата. Наградите што беа доделени се во согласност со високите стандарди за квалитет на Бимилк и се доделуваат во повеќе категории: испорака на најголема количество млеко за комерцијални и за семејни фарми, најдобар микробиолошки и хемиски квалитет на млекото, повторно во категоријата комерцијални и семејни фарми, како и специјални признанија за најстариот, најмладиот и најлојалниот фармер на Бимилк.

На настанот присуствуваа голем број фармери, а првите честитки кон нив ги упати г. Ѓорѓи Петрушев, Генерален директор на Млекара АД Битола, кој истакна:

„Блиската соработка и поддршка на млекопроизводителите, која опфаќа вложувања во современа опрема и технологија за преработка на млеко, едукација, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, па сè до иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството, отсекогаш била и ќе биде еден од главните стратешки приоритети за нашата компанија. Затоа, денес, овде сме за да им одадеме почит и признание на најдобрите од најдобрите, оние што остваруваат рекорди во производството на сурово млеко на територијата на цела држава и оние што придонесуваат Бимилк веќе 6 и пол децении да испорачува квалитетни производи што ги задоволуваат потребите, но и ги надминуваат очекувањата на повеќе од еден милион потрошувачи во земјата“.

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-03.JPG

Со цел да се подигнат производството и квалитетот на сурово млеко во државата, Бимилк континуирано и сериозно вложува во растот на основната суровина во млечната индустрија од сопствениот финансиски потенцијал, но и постојано иницира дискусии и покренува иницијативи со своите кооперанти и со надлежните органи за обезбедување начини за понатамошно унапредување на квалитетот на суровото млеко.

„Во оваа насока, би сакал да ја поздравам одлуката на владините институции за прифаќање на нашата иницијатива за проширување на стимулативните мерки за набавка на приплоден добиток за сточарите, која инстантно беше прифатена и резултираше со речиси седумкратно зголемување на фондот за оваа цел. Резултатите од оваа мерка во блиска иднина ќе станат видливи и уверен сум дека од нив ќе има полза целокупната млечна индустрија, но и економијата во целост“, додаде Петрушев.

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-04.JPG

На настанот свое обраќање имаше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Љупчо Николовски, кој ги афирмираше позитивните практики на Бимилк во насока на развој на севкупното млекопроизводство во земјата.

„Млекопроизводството како сточарска гранка е еден од поважните сегменти во агроиндустријата и затоа е од посебен интерес во креирањето на владините политики. При подготовката на мерките за овој сектор посебно внимание посветуваме на примарното производство, подобрувањето на квалитетот на суровото млеко и, секако, на поттикнувањето на млечната индустрија. Но, во целиот овој процес од особено значење е и генетскиот потенцијал на добитокот. За таа цел, во годинешната Програма за рурален развој значително ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток и за оваа намена одвојуваме близу 1,5 милиони евра. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што во најголема мера ќе влијае и врз квалитетот на финалниот производ. Особено ме радува што во Македонија постојат вакви општествено одговорни компании како Бимилк, кои даваат особен придонес во подигнувањето на јавната свест и во развојот на земјоделскиот сектор“, истакна Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-05.JPG

Со успешната соработка со повеќе од 1.000 фармери од цела Македонија, дневната преработка на над 140.000 литри млеко или годишниот откуп од околу 40 милиони литри млеко, Млекара АД Битола е неприкосновен лидер на млечниот пазар, а токму постигнувањата и грижата кон своите кооперанти, во голема мера, придонесуваат да се одржи постигнатиот стандард, како и бренд со врвен квалитет.

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-06.JPG

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-07.JPG

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-08.JPG

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-09.JPG

bimilk-povtorno-gi-nagradi-svoite-najdobri-farmeri-kooperanti-10.JPG

Би можело да ве интересира:

Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg