Пакомак го одбележува светскиот ден на рециклирањето

pakomak-go-odbelezhuva-svetskiot-den-na-recikliranjeto-01_resize.jpg

Денес, ширум светот се одбележува денот на рециклирањето. Тоа е и повод, „Пакомак”, уште еднаш да ја потенцира важноста на навиките за селекција на отпадот од пакување кај граѓаните и компаниите, како единствен начин за долгорочна одржливовост и здрава животна средина.

Трендот секако е позитивен и во последнава година е евидентиран раст на собраните количини на отпад, како и негово рециклирање во споредба со изминатите години.

Континураниот развој и остварувањето на строго зацртаните цели преку сите проекти, екоакции, едукација и активности,  резултираа Пакомак да има одлична соработка со 35 општини, во кои живее над 75% од населението во Република Македонија, каде се уредно поставени сините, жолтите и зелените контејнери за селективно собирање на хартија, пластика и стакло. Дополнително компанијата соработува со над 800 објекти (хотели, ресторани и кафулиња) од кои редовно собира стаклена амбалажа и овој број од година во година расте.

„Пакомак” е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Македонија: Пивара Скопје АД Скопје; Прилепска пиварница АД Прилеп; Витаминка АД Прилеп; Пелистерка ДОО Скопје; Магрони ДОО Скопје (Ладна, Добра вода); Кодинг Дооел Кавадарци (Горска вода); Кожувчанка ДОО Кавадарци; Вивакс Дооел Скопје; Благој Ѓорев АД Велес; ВВ Тиквеш АД; ВВ Стоби АД.

pakomak-go-odbelezhuva-svetskiot-den-na-recikliranjeto-02.jpg

Резултатите од напорите на Пакомак денес се видливи. Според истражувањата, во однос на почетокот на работата на Пакомак, денес присутна е видлива разлика кај свеста на населението за рециклирање. Над 70% од населението ги знаат бенефитите од рециклирањето, над 50 % го препознаваат Пакомак  како компанија за менџирање на амбалажниот отпад.

Преку  собирачката мрежа на Пакомак, се собира над 25.000 тони отпад од пакување годишно, во кои е вклучено: стакло, пластика, хартија, метал, дрво и композит. „Пакомак“  во 2018 година набави и 390 игло контејнери, кои се поставуваат на јавни површини, а инвестицијата е 7,4 милиони денари. Во Скопје има 175 игло контејнери, во Битола 60, во Кавадарци, Прилеп и во Охрид има по 45, во Струмица 40, во Струга, Штип и во Велес по 35, во Куманово 30, во Гевгелија 20, во Илинден, Кичево и во Неготино по десет, во Ресен осум, во Свети Николе, Дојран, Крушево и во Валандово по пет и во Арачиново, Студеничани и во Зелениково по два игло контејнери.

Според последните активности на „Пакомак“, каде во фокус е стаклената амбалажа, како и од „ХоРеКа“ каналите (систем за собирање стаклена амбалажа) се собираат над 140 тони месечно и тоа собирање на неповратна стаклена амбалажа од хотели, ресторани и кафулиња каде завршува над 50 проценти од стаклото.

Од своето работење до денес Пакомак бележи импозантна бројка на рециклиран амбалажен отпад од 115.541 тони. Од година во година бројот расте и напорите и визиите на Пакомак се во блиска иднина секое домаќинство да го селектира амбалажниот отпад и да се подигне нивото на самосвест за оваа граѓанска должност кај секој од нас.

На светскиот ден на рециклирањето, Пакомак сака да им се заблагодари на сите кои правилно постапуваат со отпадот и се грижат за животната средина.  Дополнително, Пакомак  ќе продолжи да ги негува долготрајните соработки со клиентите и со државата согласно европските регулативи - да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Би можело да ве интересира:

ПАКОМАК нуди на свој трошок да ги празни сите контејнери за селективен отпад од пакување на територи... Се почести се поплаките од граѓаните за нередовното собирање на сметот од градск...
Македонец го сруши светскиот рекорд - Направи 5.500 чучнувања без престан (видео) Слободанчо Ѓорѓиев направи нереален подвиг откако скоро три и пол часа без прест...
Лила издоминира на Светски ромски бал 2024, Агнеса и Биг Мама воодушевија со стилот Свечени фустани за жените, класични костуми за мажите... Како се дотераа нашите ...
Денес е строг пост – Се одбележува празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“ Некои православни христијани веруваат дека денес не треба да се јаде ништо од чи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg