Реновирана е Телеком продавницата во Кавадарци
- Детали
- понеделник, 18 февруари 2019
- Продавницата нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите и мултимедијално искуство за корисниците
Македонски Телеком продолжува со реновирање на продавниците низ државата, процес со којшто, освен нов и атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. Па така, денеска e отворена реновираната продавница во Кавадарци, каде што, како и во останатите Телеком продавници, при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот.
Со реновирањето, Телеком продавницата во Кавадарци нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите, како и на останатите понуди од богатото портфолио на компанијата. Продавницата има нов интерактивен продажен концепт со самоистражување низ забава, но овозможува и функционално запознавање со сите комуникациски услуги на Македонски Телеком.
Реновираната Телеком продавница во Кавадарци покрај подобрата услуга, за посетителите нуди мултимедијално искуство, кое побрзо доведува до корисничка одлука и до задоволување на индивидуалните потреби. Отсега жителите на Кавадарци, но и граѓаните од регионот, во продавницата можат брзо и лесно, сè на едно место, да го најдат она што им одговара најмногу, овозможувајќи им на тој начин беспрекорно корисничко искуство.
Со континуираните инвестиции, Македонски Телеком и натаму останува на својата стратешка определба да продолжи да обезбедува врвни технолошки решенија, предводејќи го процесот на дигитализација на општеството и истовремено водејќи грижа за задоволување на интересите на секој корисник поединечно. Компанијата е фокусирана на македонските граѓани да им се донесат најдобрите комуникациски решенија и услуги со што ќе можат да уживаат во придобивките на модерното време.