Нови лебови од Жито Лукс - пребиотски, протеински, фит и 100% ржан леб

(Скопје, 22.11.2018) Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета лебови додаде четири нови специјални видови леб: 100% интегрален тост со пребиотик, протеински, 100% ржан и ФИТ тост леб, кои претставуваат одговор на барањата на пазарот и се идеални за сите оние кои се грижат за својата исхрана.

novi-lebovi-od-zito-luks-prebiotski-proteinski-fit-i-100-rzan-leb-001.jpg

100% интегрален тост со пребиотик  е направен од 100% интегрално пченично и ’ржано брашно. Ефектот на диететските влакна од интегралните брашна е дополнет со додаден пребиотик од акација. Токму пребиотикот, кој е вид растително влакно, овозможува одржување на нормална цревна микрофлора, што е битно за здравјето на дигестивниот тракт, за заштита од воспалителните процеси на истиот, како и за подобрување на општата добросостојба и здравје.

Протеинскиот леб се разликува од другите видови леб по големото количество протеини и малото количество шеќери. Протеинот во лебот доаѓа од грав, семиња и соино брашно, што го прави производот погоден и за вегетаријанци и вегани. Покрај големото количество  протеини, лебот содржи црн и бел сусам, ленено семе, семки од тиква и ацерола во прав кои го надополнуваат вкусот и неговиот нутритивен состав. Лебот збогатен со протеини е идеален за физички активни лица и за сите оние кои водат грижа за правилна и здрава исхрана.

ФИТ тост лебот е направен по специфична рецептура, без додаток на масни компоненти и шеќери. Збогатен е со пченични трици, влакна од грашок и протеин од грав, со што се добива балансиран производ кој совршено одговара на принципите за здрава и урамнотежена исхрана, без загуба на пријатните мекост и свежина при секој залак. Поради својот состав тој е идеален за сите кои спортуваат, но и за оние кои се грижат за својата линија

„Правилна исхрана со која се внесуваат сите потребни хранливи материи во организмот е клучна за здравјето на луѓето. Со правилниот начин на исхрана не само што се добива здраво и избалансирано тело, туку и ризикот од различни болести е многу помал. Мислењето дека лебот не е здрав веќе подолго време е минато бидејќи нутритивната вредност на житните култури е незамелива за телото и организмот“, вели Д-р Валентина Павлова

Новите специјални лебови на парчиња со продолжена свежина, како и сите останати производи на Жито Лукс кои се присутни на пазарот, се со врвен квалитет, неприкосновен за компанијата, кој директно произлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и од модерниот технолошко-производен процес.

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Христина Пан за 35-тиот роденден се забавува со ќеркичките, откако едната извојува нова битка во лек... Нашата инфлуенсерка Христина Пан објави емотивно видео со двете ќерки близначки ...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg