Јадете едноставно, креативно и вкусно - леб со сусам
- Детали
- вторник, 30 октомври 2018
Богатиот асортиман на производи на Жито Лукс се зголеми со производството на новиот фурнаџиски леб со сусам кој веќе е достапен за потрошувачите. Мирисот и вкусот на селска фурна овој пат е дополнет со леб со крцкава кора и мека структура, направен со пченично брашно, малтозно јачменово брашно и сусам на кората.
Со својата идеална структура и незаменлив вкус, лебот со сусам ќе одговара на секој ваш креативен рецепт и со сигурност ќе уживате во неговиот мирис и свежина, независно каков оброк сакате да подготвите.
Лебот со сусам е дел од семејството на фурнаџиски лебови, Класик, Интегрален, Селски, Рустика и Сомун. Жито Лукс постојано воведува нови производи за потрошувачите со цел да ги задоволи нивните потреби и желби за подготовка на вкусни оброци и прекрасни рецепти.