30 дечиња добија фудбалски стипендии од Телеком

Заврши првата фаза од потрагата по фудбалски таленти на Македонски Телеком.

30-decinja-dobija-fudbalski-stipendii-od-telekom-4.jpg

30 дечиња добијa стипендии во Академијата за фудбал „Вардар“. Македонски Телеком го организираше изборот изминатиот викенд, на 7 јуни, кога пријавените млади таленти преку натпревари беа одбрани да бидат стипендисти во Академијата за фудбал „Вардар“. 

Натпреварите поминаа во одлична спортска атмосфера. Младите таленти го покажаа најдоброто од себе и се претставија како вистински фудбалери.  Децата кои се пријавија преку www.footballstars.mk и испратија кратки видеа во кои ги покажаа своите основни фудбалски вештини, беа поканети на скаут натпревари на терените на ФК „Вардар“ во Градскиот парк.

30-decinja-dobija-fudbalski-stipendii-od-telekom-1.jpg

Тренерите од ФК „Вардар“ ја анализираа играта на секое дете и ги прогласија 30-те најдобри таленти, добитници на фудбалски стипендии во Академијата за фудбал „Вардар“.

Имињата на стипендистите се објавени на www.footballstars.mk , каде што веќе е најавен почетокот и на втората фаза од потрагата по фудбалски таленти.

30-decinja-dobija-fudbalski-stipendii-od-telekom-2.jpg

Пријавувањето во втората фаза ќе трае до крајот на август, а натпреварите и доделувањата на новиот циклус стипендии ќе се случат во почетокот на септември 2018 година. Во втората фаза ќе се доделат уште 20 стипендии.

Македонски Телеком им честита на младите ентузијасти што учествуваа во изборот и силно верува дека меѓу нив се кријат идните фудбалски ѕвезди. Истовремено ги поттикнува сите останати талентирани деца да се пријават во втората фаза, со што можат да го остварат својот сон да станат професионални фудбалери.

30-decinja-dobija-fudbalski-stipendii-od-telekom-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg