Дали знаете “вистински” да пиете кафе?
- Детали
- четврток, 31 мај 2018
Секогаш ќе постои онаа “борба” помеѓу постарите и помладите генерации за тоа чие време е поубаво за живеење. И, тоа во суштина е добро. Секој од нас барем еднаш се изнервирал на она “Во мое време...”, но да ги нема поплаките на постарите, младите не би оделе толку брзо напред во желбата да им докажат дека и овие времиња се вредни за живеење.
Од друга страна, има некои работи, некои вредности што можеме да ги научиме само од постарите, кои не треба да бидат заборавени, кои не’ прават подобри и потрпеливи луѓе, доблести кои полека ги забораваме и напуштаме трудејќи се да држиме чекор со брзите времиња во кои живееме.
Земете го примерот со нашата традиција на пиење кафе – традиционалното пржено и мелено домашно кафе го заменуваме за лате, ајс, капучино, мокачино, фрапучино... што почудно име и пошарена чаша за носење, тоа подобро. На прашањето зошто младите се’ помалку пијат домашно кафе, повеќето веднаш би одговориле: Немам јас време да го чекам кафето да се свари! А сепак, секој пат кога ќе го почуствуваме мирисот на свежо свареното домашно кафе се насмевнуваме преплавени од детските спомени на омилениот филџан на баба и на трчањето до маалските продавнички во кои кафето се мелеше во мали мелници, а децата трпеливо чекаа ширејќи ги ноздрите за да го вдишат мирисот што потсетува на дома.
За оваа подзаборавена традиција и за значењето на ритуалот на пиење кафе денес зборувавме со тетка Нада, 62 годишната пензионерка и верна кафеџика:
„Хаха немојте да ме терате и јас да почнам да досадувам за тоа како било во мое време. Ама па убаво беше. Ќе си станеш, ќе си ја викнеш другарката и ќе го ставиш кафето. Додека се вари таа ти раскажува што и’ се случува по дома, со децата... а кога е готово ти ќе седнеш и ќе кажуваш совети. Или мажот ако те налути, место да се расправаш напразно оди свари си кафе и дур го чекаш смири се, размисли дека е будала и да не му се потресуваш, тури му шеќер повеќе за инат и врати се насмеана. Тоа кафе смири многу млади вжештени глави да знаете, те учи некако трпелив да си. Младиве не дека не се, ама треба и со нив да си трпелив и да ги потсетуваш. Еве ќерка ми пак пие дома турско кафе, откако ја потсетив дека истото време го троши дур ги вари тие нејзини брокули на пареа. И ми вика ‘Мамо господ здравје да ти даде што пак се вратив на турско, од другине кафиња срцето ми биеше мислев од гради ќе ми излета’. Ама пусти млади, тие им се годините, да пробаат се’. И после ќе им биело срцето. И тоа те учи пиењето на нашето домашно кафе – да бидеш лојален. Еднаш ако си го најдеш правото, не го менуваш злато да ти даваат. Еве јас десет и кусур години пијам Гранд кафе и верувајте веднаш ќе го осетам ако е друго. Најмногу ме потсетува на дуќанчето на татко ми кај што се мелеше тазе кафето. Од школо право трчав таму да пишувам домашни задачи за да го дишам мирисот. Пиењето домашно кафе е цел ритуал кој те учи на убави работи, на пријателство, на гостопримство, на љубов, трпение и лојалност. Треба да памтиш кој какво кафе пие, со колку шеќер и во колкав филџан, зашто така покажуваш дека ти е мил човекот, дека ти значи. Треба да знаат децава денес дека токму во таквите ситници се гледа љубовта и пријателството. Многу се радувам кога ќе седнеме со ќерка ми и со внучињата, ние пиеме кафе а тие трчкаат и пробуваат да украдат голтка. Го чекам денот кога ќе седнеме три генерации и тогаш истото кафе ќе го пиеме.”
Тетка Нада е во право. Љубовта, пријателството и лојалноста се доблести за кои треба време, и се најважните вредности кои не смееме да ги изгубиме. Затоа, следниот пат кога ќе се најдете изморени, притиснати или изгубени, сварете си филџан Гранд кафе Голд.
Посебно сега, кога Гранд кафе со својата нова Програма за лојалност ги наградува сите верни пријатели на брендот. Вдишете го волшебниот мирис длабоко и издишете, дозволете сите среќни спомени да ве преплават и насмевнете се.
Нека вистинските вредности бидат водилка на вашиот живот!