Денови на финансиска писменост од 11 до 13 мај

Оваа година почнувајќи од 11 мај (петок), Skopje City Mall во соработка со Координативното тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, Народна банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата  за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, организираат „Денови на финансиска писменост", јавен настан со кој ќе се стави силен акцент на финансиската едукација кај луѓето, ќе се подигне нивото и општата свест  за постигнување на поголема финансиска писменост.

denovi-na-finansiska-pismenost-od-11-do-13-maj-001.jpg

На овој 3 дневен мултимедијален настан, свое учество ќе земат голем број на финансиски институции, меѓу кои: банки, штедилници, осигурителни компании, брокерски друштва, инвестициски фондови, приватни пензиски фондови, како и микрофинансиски институции.

Настанот ќе овозможи едукација преку изложбен дел каде посетителите ќе можат да се информираат за сите финансиски параметри во врска со одредени теми кои ги засегаат посетителите, ќе има презентации на одредени продукти од учесниците, како и голема забава за најмладите вклучувајќи ги во проекти со кои од рана возраст ќе се влијае на нивната финансиска едукација.

Според организаторите, „Денови на Финансиска писменост“ претставува настан кој треба секој да го посети.

Ни претставува огромна чест и задоволство што во соработка со Народна банка на Република Македонија сме организатори на еден ваков голем општествено едукативен проект. „Денови на финансиска писменост“ има за цел да ја зголеми финансиската писменост кај посетителите и да ги поттикне факторите за транспарентност и едукација. Сакаме да им овозможиме на граѓаните преку еден мултимедијален пристап да го подобрат своето знаење во врска со финансиските производи." - изјавија од Skopje City Mall.

Настанот ќе започне во петок на 11 мај, а ќе трае 3 дена до 13 мај. Мултимедијалните пултови ќе бидат отворени во период од 12 до 20 часот.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg