Виолета и Ефто во Еден на Еден: Во Бугарија ни велат Има македонски песни, но „това е всичко блгарско“
- Детали
- среда, 21 февруари 2018
Има македонски песни, но „това е всичко блгарско“. Вака Виолета Томовска и Ефто Пупиноски раскажуваат за нивното искуство со македонската музика и Бугарија. Доајените на македонската песна во неделното издание на „Еден на Еден“ раскажуваа за тоа колку нашите песни „се позајмени“ од страна на бугарските колеги.
Ефто кажа дека конечно по години чекање покренува постапка за две негови земени песни од нашите соседи. Виолета, пак, зборуваше за нејзината долга кариера, настапите пред Тито, борбата со тешката болест...
Сѐ на сѐ, епизодата 19 на „Еден на Еден“ со Виолета Томовска и Ефто Пупиноски е еден времеплов низ едни поубави времиња.
Како бонус, Виолета ја изведува „Свирете ја Зајди, зајди“ од нејзината внука Олгица Христовска, а Ефто, пак, покрај неговата „Туѓа си бескрајно“, ја изведува и „O sole mio“.
Во недела, пак, во најгледаното ток-шоу, ќе ги гледаме и Викторија Лоба и ѕвездите од серијата „Наше маало“.