Македонски Телеком наградува двесте корисници со бесплатни летови за двајца
- Детали
- вторник, 11 јули 2017
- Двесте среќни корисници на Македонски Телеком ќе добијат ваучери за двајца за патување со авион преку авио-операторот Wizz Air. Секој ваучер е со вредност од по 100 евра
- Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Smart или Business постпејд понудата, која промотивно вклучува 500 МВ интернет и 500 минути роаминг
Новата наградна игра во организација на Македонски Телеком на корисниците им нуди одлични можности за нови летни авантури.
Во рамки на наградната игра, која започнува денеска, 10 јули, и ќе трае цели два месеца, односно, до 10 септември, компанијата на среќни двесте нови или постојни корисници на тарифните модели Smart, Magenta 1, Business и Magenta 1 Business ќе им додели по два ваучера за патување со авион на дестинација по избор од понудата на Wizz Air. Секој ваучер е во вредност од 100 евра.
Конкретно, потенцијални добитници на два ваучера стануваат корисниците кои ќе склучат нов претплатнички договор или ќе го обноват договорот за лојалност за тарифните модели Smart, Magenta 1, Business и Magenta 1 Business во периодот од 10.07.2017 година до 10.09.2017 година. Постојните корисници на овие тарифни модели кои веќе имаат валиден договор можат да се вклучат во играта со едноставно јавување на телефонскиот број 149 888.
Првото извлекување на добитниците ќе се одржи на 11 август, во седиштето на Македонски Телеком, а второто на 12 септември, на истото место, при што секој добитник ќе освои по два вредносни ваучери.
Инаку, новите корисници на Smart, Magenta 1, Business и Magenta 1 Business со најновата роаминг промоција која ќе трае до 21 септември, добиваат 500 MB интернет и 500 минути разговори вклучени во роаминг, без дополнителен надомест.
Македонски Телеком им посакува многу среќа на сите корисници кои ќе си ја испробаат среќата, а на добитниците пријатен лет!
Сите детали за наградната игра на www.telekom.mk.