Antigona - The art of fine dining

antigona-the-art-of-fine-dining-1.jpg

Дозволете си едно поинакво хедонистичко искуство и  впуштете се во незаборавно гастрономско патување низ богатите вкусови на префинетата храна и внимателно селектираните вина. Тајната на Антигона се крие во уметноста во подготовка на храната, совршената хармонија на вкусови, врвната услуга и топлата романтична атмосфера која совршено го надополнуваат амбиентот и создава вистинска сензација за сите сетила.

antigona-the-art-of-fine-dining-2.jpg

Во малиот волшебен свет на кујната на Антигона, состојките, мирисите и креативноста се спојуваат заедно во уникатен микс и создаваат прекрасна симфонија на вкусови. Филозофијата на едноставност во подготвувањето на храната им овозможува на внимателно избраните состојки со врвен квалитет да го истакнат својот препознатлив, интензивен и убедливо непобедлив вкус. Префинетото интернационално мени се менува сезонски, па така секое јадење подготвено во кујната на Антигона е подготвено од свежи состојки и е зачинето со вештината и иновативноста на страсните готвачи, со што несомнено ги задоволува дури и најпребирливите гурмански и естетски апетити.

antigona-the-art-of-fine-dining-3.jpg

antigona-the-art-of-fine-dining-4.jpg

Уникатноста на Антигона е присутна во секој детал од впечатливиот и импресивен ентериер и топлата, романтична атмосфера која совршено го надополнува амбиентот. За префинето искуство кое со сигурност ќе остави печат во вашата меморија, ресторанот нуди врвна услуга по примерот на светски познатите ресторани, што ќе го издигне вашето целокупно доживување на уште повисоко ниво.

Започнете го вашето гастрономско патување низ богатите вкусови од кујната на Антигона со дегустација на внимателно избрани јадења од дегустационото мени. Секоја станица ќе ве одведе во посебен свет на вкусови кој ќе ги разгали сите ваши сетила и ќе предизвикаат вистинско гурманско и естетско уживање. Како ваш сопатник на ова незаборавно патување, професионалниот сомелиер со долгогодишно искуство од светски престижни ресторани, ќе ви предложи квалитетно вино кое најдобро се спојува со вашето избрано јадење, создавајќи баланс и совршена хармонија на вкусови.

antigona-the-art-of-fine-dining-5.jpg

Секој почеток носи една блага неизвесност, во која секој ужива и истовремено ја  развива својата љубопитност. Во оваа приказна, како почеток на едно патување, но овојпат гастрономско, одбрано е домашното пилешко пате. Секој свој зачин што го содржи го прави да биде посебно. За да не остане "само" посебно, вкусот му го збогатува маслото од тартуф и цитрусниот вкус на кората од лимон и портокал како “финиш” на целата презентација.

antigona-the-art-of-fine-dining-6.jpg

Насмевката најчесто се буди со мало изненадување инспирирано од моментот. Завиткано во убав гест или збор, насмевката е секогаш искрена. Овојпат, цвеклото и козјото сирење, како изненадување, завиткани во домашна кора,  потопени во чисто бел сос со блага нота на козјо сирење и кристално црвен гел од цвекло, ја буди насмевката кај секого.

Комбинацијата на свежи традиционални состојки и зачини од целиот свет, со уникатен модерен “допир” во сервирањето го создадоа тајниот рецепт на вкусните салати кои изобилуваат со шаренило на бои и вкусови кои совршено ќе го надополни вашето избрано мени.

antigona-the-art-of-fine-dining-7.jpg

Спој на традиционалната македонска комбинација на свежи салати, надополнет со благи ноти од дехидрирани зрна грозје и цитрусна жичка од домашните ресенски јаболка. Зачинета со крема балзамико збогатена со инфузија од лимон.

antigona-the-art-of-fine-dining-8.jpg

Кулминацијата на гурманското искуство во Антигона ќе ја доживеете уште во првиот момент кога ќе вкусите парче префинето месо, подготвено и сервирано до совршенство, придружено со чаша врвно црвено вино со пријатен вкус и интензивна арома што долготрајно се задржува на непцата.

Кралот на месото, свежиот јунешки бифтек, овојпат е зготвен до степен на перфекција, со одлична структура, поставен во гнездо од свежо подготвени резанци испреплетени со гел од пченка и пармезан. Неговата круна е црвен карамелизиран кромид во која лежи внимателно подготвено свилено јајце.

antigona-the-art-of-fine-dining-9.jpg

Уживате во магијата на префинетото говедско месо од Kobe, Wagyu и Black Angus, кои се репрезенти на врвниот премиум квалитет.

Секогаш ќе се сеќавате на првиот пат кога сте пробале вистинско јапонско месо од најценетото говедо на светот, Kobe чиј префинет вкус и прекрасна текстура се должат на легендарните техники на одгледување. Доколку, пак, сакате да уживате во парче месо со неповторлив вкус, богата арома и специфична мраморна текстура, изберете Wagyu и уживајте во секој залак раскажувајќи ја приказната за неговиот супериорен квалитет.

Со сигурност нема да погрешите доколку се одлучите за парче Black Angus кое е исклучително меко, богато со протеини, здраво и неодоливо вкусно како резултат на традиционалното одгледување на најубавите отворени пасишта.

antigona-the-art-of-fine-dining-10.jpg

Заокружете го ова незаборавно гурманско патување и доживејте комплетно хедонистичкото уживање со префинетиот избор на десерти, специјално креирани да ја задоволат вашата желба за нешто благо.

Инспириран од француските класици, конголез е вистински бакнеж од кокос, надополнет со свежо приготвен забајоне сос од шампањ и финиширан со топинг од свежи јагоди и пена од шампањ.

antigona-the-art-of-fine-dining-11.jpg

Крајот на вечерата го краси спојот на тропските вкусови. Во овој десерт, познатиот тапиока пудинг со вкус на кокос е во комбинација со домашно направено манго сорбе.


Локација:
Комплекс Македонско село, с. Горно Нерези

Телефон : +38970 358 500

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg