Децата од основните училишта ќе учат за важноста на нивните бубрези

decata-od-osnovnite-ucilista-ke-ucat-za-vaznosta-na-nivnite-bubrezi-1.jpg

На темата „Со здрави навики до здрави бубрези“ децата од трето одделение од основните училишта од скопските општини Центар, Чаир и Аеродром почнувајќи од средината на месец октомври, па сè до крајот на декември ќе ја имаат можноста да бидат дел од едукативните работилници кои ќе придонесат за подигнување на свеста за важноста да се грижиме за сопственото здравје и зачувување на здравјето на бубрезите. Предвидената програма е интерактивна и е специјално креирана за нивната возраст од страна на тимот на Светскиот ден на бубрегот, здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во соработка со природната изворска вода „Ладна“.

На досегашните работилници, децата имаа можност преку интерактивна презентација да се запознаат со функцијата и важноста на бубрезите за целокупното човеково здравје, како и со ризиците од бубрежните заболувања, но добија и совети за превенција од заболувања. На овие работилници секое дете доби едукативна боенка поврзана со тематиката, боички и шишенце вода Ладна. Планирано е работилниците во овие три општини да завршат до крајот на годината, со што ќе се заокружи првата фаза од активностите на овој проект.

decata-od-osnovnite-ucilista-ke-ucat-za-vaznosta-na-nivnite-bubrezi-2.jpg

Многу малку треба да направиме за да ги зачуваме здрави нашите бубрези. Треба да не се јаде солена храна и храна која содржи многу шеќери, да не се пијат газирани пијалаци, да се јаде многу овошје и зеленчук и да се пие многу вода. Треба да се спортува, да се вежба и да не се пушат цигари. Од исклучително значење е зголемување на свесноста на децата за овие совети уште од најрана возраст“ - велат од здружението „Нефрон“.

За нас беше многу лесно да ја најдеме вистинската врска меѓу мисијата на „Ладна“ и овие едукативни работилници бидејќи пиењето вода е од суштинско значење за здравјето на бубрезите. Здравите навики се учат и негуваат уште од училишните клупи, а нивното прифаќање секогаш е полесно кога тоа го правиме низ забава и во друштво. Така ја споивме науката и забавата и од тоа произлезе идејата за соработка со здружението „Нефрон“. Досегашните работилници ги надминаа и очекувањата кои ги имавме бидејќи не изненади желбата за знаење koja ja покажуваат децата и фидбекот кој го добивме од нив. Понекогаш вреди да се потрудиме малку повеќе и резултатите ќе бидат неминовни“, изјавија од Ладна.

Здравите навики уште од најраната возраст се клучот за одржување на севкупното човеково  здравје. Бубрезите се едни од најважните човекови органи кои се главни филтри на човековиот организам. Свесноста кај децата за функцијата која тие ја имаат и начинот како да ги одржиме во добра форма во текот на животот почува уште од најраната возраст. 

decata-od-osnovnite-ucilista-ke-ucat-za-vaznosta-na-nivnite-bubrezi-3.jpg

За сите заеднички активности, како и за текот на проектот и распоредот на работилниците кои што претстојат повеќе информации ќе можете да најдете на фејсбук-страницата на „Ладна“.

Би можело да ве интересира:

„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg