Шпаркасе Банка Македонија добитник на две награди за општествено одговорни практики
- Детали
- петок, 04 ноември 2016
Во организација на Министерството за економија и на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) денес беа доделени Националните награди за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија. Шпаркасе Банка Македонија оваа година e добитник на две статуетки за предложени проекти во две категории, и тоа „Заштита на животната средина“ и „Вложување во заедницата“.
Шпаркасе Банка беше наградена во категоријата „Вложување во заедницата“ со проектот „Social Impact Award – Награда за социјално претприемништво“, кој се воведе во Р. Македонија за првпат минатата година во соработка со Млади инфо. Целта на овој проект е да се поттикне претприемничкиот дух кај младите, кои со напорот што го вложуваат за реализација на проектите воедно решаваат и некои од проблемите на општеството. Од таа причина Шпаркасе Банка дава финансиска и стручна поддршка на овој проект, чие влијание во заедницата е повеќекратно. Преку овој проект младите даваат свои идеи, решенија на одредени општествени проблеми што се однесуваат на заштита на животната средина, создавање здрави животни стилови, обновливи извори на енергија, вработување други млади луѓе, целосна инклузија на лицата со попреченост во општеството и многу други социјални аспекти. Со ваков вид поддршка за формирање сопствени бизниси, младите луѓе се градат во идни социјални претприемачи, кои не чекаат на вработување туку самостојно го креираат.
Во категоријата „Заштита на животната средина“ Банката ја освои наградата со проектот - Хуманитарна работна акција на вработените во Шпаркасе Банка во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Грижата кон животната средина е дел од корпоративната култура на Шпаркасе Банка Македонија, која континуирано се прикажува преку вложување во проекти за поддршка на социјално ранливите групи. Децата без родители и родителска грижа се една од маргинализираните групи во македонското општество. Од овие причини Шпаркасе Банка се одлучи да ја поддржи оваа категорија граѓани на долг рок и секоја година да дава свој придонес за подобрување на нивниот развој во рамките на секојдневното општество и создавање грижа кон средината во која тие живеат.
Целта на наградата за најдобро општествено одговорни практики е да се промовираат позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.
Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.339 вработени и преку 239 експозитури и регионални центри опслужува речиси 680.700 клиенти.