Љубовта му ја покажав преку фото книга!
- Детали
- сабота, 27 август 2016
Петар го познавам од средно училиште, имавме заеднички пријатели тој имаше симпатии кон мене, јас кон него, некако постојано бевме заедно, а никој не го направи првиот чекор. Имаме многу заеднички фотографии од роденденски забави, од луди ,,журки,, од патувања. Еден ден се охрабри и ми кажа дека ме сака, а јасму признав дека ги чувам сите фотографии на кои сме биле заедно. По неколку дена фотографиите кои со години ги чував ги ставив во албум и ги нарачав како подарок. Сега споменот на сите поминати настани е спакуван во убава фото книга, која вечно ќе не потсетува на тоа колку бевме срамежливи. Благодарна сум на тимот на КarmaPix што ми го овозможи овој неверојатен подарок.
Фото албумот го креирав за неколку минути, а процесот беше многу забавен.
Што направив?
(чекор 1) Од мојот Facebook профил го посетив сајтот https://karmapix.com, каде избрав еден од многуте тематски дизајни или тема на книгата и истовремено избрав и тип на корица и димензии на книгата .
(чекор 2) потоа прикачив фотографии од телефон (може и од компјутер, фејсбук или инстаграм). Интересно е што тука постои и опција за автоматско редење на сликите (autofill) на едно копче албумот сам се креира со прикачените слики.
(чекор 3) ги искористив расположливите фото ефекти како и позадини за да ги направам фотографиите позабавни, а додадов и текст (сето ова е опционално); и веднаш пристапив кон нарачка. Испораката на фото албумот е бесплатна.
Се беше толку брзо што мислам дека ова можев да го направам дури и кога сум излезена на кафе со пријателите.