Каролина Гочева со AVON ги поттикнува жените да отпочнат сопствен бизнис
- Детали
- понеделник, 18 јули 2016
Како и досега, македонската пејачка и во следниот период ќе промовира еден од премиум-производите на козметичката компанија, а тоа овој пат ќе биде новата маскара Wide Awake.
Облечена во елегантен бел костум и со насмевка што шири позитивна енергија, Каролина Гочева ја продолжува својата мисија - да биде амбасадор на AVON Македонија и да ги поттикнува жените да отпочнат сопствен бизнис. Нашата најпопуларна пејачка неодамна беше во Варшава, каде што за неа беше организирана ексклузивна фотосесија за потребите на козметичкиот гигант од САД.
- Мојата улога на заштитно лице на AVON Македонија е професионална обврска, но таа се вбројува во оние ретките: што те инспирираат секогаш да ја завршиш подобро од претходниот пат и попат, што ти овозможуваат да уживаш. Патувањето во Полска беше прекрасно, не само затоа што студиото и условите за работа беа на врвно ниво, туку и бидејќи таму создадовме приказна која што се надевам максимално ќе се прошири во Македонија. Таа е: што повеќе жени да се охрабрат да отпочнат свој бизнис преку AVON и така да бидат финансиски независни - истакнува Гочева, чиј стајлинг и став од оваа фотосесија ќе ја краси насловната страница на компаниската Брошура во кампања 13.
Еден од столбовите на работењето на AVON е долгорочното овозможување простор за заработка, а со тоа и за самостојност на жената во општеството. Како личност која што од својата младост заработува и гради извонредно успешна кариера, Каролина е перфектниот партнер на компанијата. Со нејзиниот ангажман како заштитно лице таа испраќа порака и повик до сите жени кои сакаат да зачекорат по патот на бизнисот.
- Изминатите 12 месеци воспоставив извонредна поврзаност со членовите на македонската АВОН-мрежа и учествував во неколку возбудливи конференции и дружења. Инспирирана сум од начинот на кој функционира продажниот тим и воодушевена сум што повисоките цели на компанијата, преточени во мотото „Убавина со цел“, ги поттикнуваат жените да бидат похрабри и посилни, како и порешителни во остварувањето на сопствените соништа - вели Гочева.
Како и досега, Каролина и во следниот период ќе промовира еден од премиум-производите на козметичката компанија, којшто беспрекорно ќе се вклопи во несесерот на секоја жена. Освен со овој проект, соработката меѓу Каролина и AVON ќе продолжи и во следниот период, а тие и понатаму заеднички ќе ги поттикнуваат и инспирираат жените во Македонија.
Изминативе 130 години, колку што постои овој глобален бренд, многу ѕвезди и јавни личности беа и сè уште се заштитни лица на линиите на AVON. Меѓу нив се актерите Селма Хаек, Рис Витерспун, Кортни Кокс, Патрик Демпси, Жаклин Бисе, Мила Јововиќ, Оливија Вајлд, Меган Фокс, пејачката Ферги, супермоделите Амбер Валета, Јасмин Ле Бон, како и Ирина Шаик.