Наградената најеколошка компанија ПАКОМАК најави инвестиции во парк-шума Водно

“ПАКОМАК“  доби награда за најеколошка компанија за проектот „3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар - 3Д екобус“ на традиционалниот градски конкурс кој е дел од манифестацијата „Денови на пролетта - Денови на екологијата“. 

nagradenata-najekoloska-kompanija-pakomak-najavi-investicii-vo-park-suma-vodno-1.jpg

Проектот има едукативна цел насочена кон подигање на еко-свеста на учениците и активирање на младите генерации во рециклирачката мисија која се води на глобално ниво.

Преку инерактивна 3Д обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест над 49000 деца имаа можност да научат повеќе за важноста од селектирање и рециклирање на отпадот, а едукативните еко-пораки им ги пренесоа замислените еко-херои на Пакомак - Пластиција, Стаклиор и Хартиус. Забавната и интерактивна програма за деца се одвиваше во рамките на еколошкиот автобус кој ги посети сите основни училишта во Скопје и голем дел од државата.

„Проектот се покажа извонредно успешен и претставува позитивно искуство за децата, наставниците и за нас како еко компанија со јасна еко-визија. Ние сме особено горди што град Скопје го препозна и награди овој проект, затоа што проектот претставува влог во нашите деца и нивната иднина. Важно е децата да имаат високоразвиена еколошка свест за да живеат во иднина во почиста животна средина“ – изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Пакомак е непрофитабилна компанија која има за цел да остави печат на позитивни и социјално одговорни промени во општеството.

nagradenata-najekoloska-kompanija-pakomak-najavi-investicii-vo-park-suma-vodno-2.jpg

„Наградата за најеколошка компанија која ја добивме од Град Скопје ќе ја удвоиме и инвестираме во парк-шума на Водно, каде веќе имаме осмислено концепт за одбележување на патеките за рекреација и поставување на еколошки пораки кои ќе ги потсетуваат посетителите да се грижат за животната средина.“ – дополни Брдароски.

Општествената одговорност за Пакомак е бизнис-императив и како успешна и современа компанија има влијание врз своите партнери, околината и врз целото општество. Пакомак на општествената одговорност гледа како на стратешка цел на долг рок, која има за крајна цел подобрување на целокупниот квалитет на живот.  

nagradenata-najekoloska-kompanija-pakomak-najavi-investicii-vo-park-suma-vodno-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Пролетна идила во Градски парк во Скопје: Пикник на трева, прошетка со милениците (фото) Родители со деца, заљубени парови, пријатели, луѓе со своите миленици... Убавото...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg