Магнети за фрижидер - најуниверзалниот подарок на светот
- Детали
- понеделник, 07 март 2016
Магнетите за фрижидери ни ги чуваат потсетниците, сметките, поканите за родендени, цртежите на децата, списоците за пазарување и сé што често затураме насекаде низ домот...
Лесно се станува ентузијастичен колекционер на магнети токму поради големината и карактеристиката на магентите да потсетуваат на нешто што сме го доживеале или што го посакуваме; патувања на познати туристички атракции, предмети кои не засмејуваат, забавуваат или нé мотивираат. Освен што се декоративни и естетски, пактични мали потсетници, магнетите за фрижидери секогаш носат и некаква возбуда за нештата на што нé потсетуваат, авантурите што нé очекуваат или лицата што нé инспирираат или возбудуваат.
Најраните магнети за фрижидери најпрво служеле за документи што најчесто се користат. Во 60 години, магнетите имале улога во едукација на децата дома и на училиште и биле произведувани во облик на бројки и букви од кои може да се креираат зборови или цели цитати. Вилијам Зимерман го патентирал првиот магнет за фрижидер во 1970 година. Тој всушност ја патентирал идејата магнетите да се користат во декоративна форма која дава автентичност на одредена тема. Од тогаш магнетите се неизостевен дел од колекционерските збирки, а ги има во безброј облици и форми.
Магнетите за фрижидер се толку атрактивни и распространети, што за нив се водат и дискусии на отворени форуми за дебати околу најретките магнети, најголемите колекции, фотографии, совети и размена на магнети. Магнетите најчесто се изработуваат од пластика, дрво, метал, керамика или принтана фолија, но постојат и рачно изработени магнети кои можете самите да ги направите за своите сакани.
Рачно изработените магнети се одличен начин овој 8 март да ги изненадите и да ја искажете љубовта кон дамите во вашиот живот со креирање на слика и порака наменета токму за нив, необичен, интересен и возбудлив начин на искажување на нашата наклонетост и желба да креираме за нив нешто оригинално, несекојдневно и симпатично.
За сите оние кои имаат желба на своите сакани да им подарат магнет со лична фотографија и порака можат на 7 и 8 март во Скопје Сити Мол да го креираат идеалниот магнет за својата сакана.
Најголемата колеција на магнети и припаѓа на Луис Ј. Фринфарб од Лас Вегас, која има околу 600 магнети на својот фрижидер, а останатите 40.000 се распоредени низ нејзиниот дом. Таа има и уште 10.000 копии што ги користи за размена со други колекционери.