Горан Михајловски открива зошто Благица Павловска има најмногу насловни
- Детали
- петок, 19 февруари 2016
Седмата сезона на Еден на Еден продолжува оваа сабота со гостување на поранешниот сопственик и главен уредник на дневниот весник “Вест” – Горан Михајловски.
Тој максимално го искористи гостувањето кај Жаре и откри како настанувале насловите во “Вест”, кој од политичарите најмногу ги оспорува текстовите во весникот, кој од нив е најголем “плачко”, а откри и зошто Благица Павловска има најмногу насловни.
Секако, Горан не пропушти да го најави својот најнов интернет проект кој ќе го работи заедно со неговиот брат, познатиот актер Јовица Михајловски.
Новата епизода од најгледаното домашно ток шоу е оваа сабота во 19:15 часот на Телма, а еве ја и најавата: