Lyoness Македонија и Р.К. Вардар со моќно партнерство!
- Детали
- вторник, 16 февруари 2016
Lyoness Македонија и најголемиот македонски спортски бренд Вардар склучија моќно партнерство. Отсега членовите на Lyoness ќе имаат одлична можност да ги користат своите предности во содржините на Спортскиот Центар Јане Сандански.
“Ни претставува особена чест и задоволство што воспоставивме едно моќно партнерство со најголемиот македонски бренд Вардар. Lyoness како компанија насекаде во светот гради партнерства со големи спортски брендови во земјите каде делува. Соработката со Вардар за нас и нашите корисници ќе претставува големо задовлство користејќи ги сите привилегии” – изјави Радован Витошевиќ, директор на Lyoness Македонија.
Сите фанови на клубот ќе имаат можност да си обезбедат брендирани Вардар Cashback картички кои освен во СЦ Јане Сандански ќе можат да ги користат и кај останатите Трговски Партнери на Lyoness. Со оваа картичка не само што ќе профитираат при сите купувања направени кај Трговските Партнери на Lyoness туку и ќе имаат можност да го поддржат нивниот омилен клуб. Отсега сите ќе учествуваат во обликувањето на иднината на Вардар.
“Соработката со Lyoness е продолжување на трендот на соработка на најголемиот спортски колектив со најголемите компании во Македониај. Можноста нашите навивачи и симпатизери да учествуваат во нашата лојална програма е од непроценливо значење за сите нас.“ – изјави извршниот директор на РК Вардар, г. Давор Стојаноски.
Lyoness Македонија во изминатиот период ја надмина бројката од 100.000 членови, а бројот на Трговски Партнери секојдневно се зголемува.