Тимот на Систина офталмологија со награда на „Конгресот на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија“
- Детали
- вторник, 03 ноември 2015
На годинашниот XI ти по ред Конгрес на Хрватското друштво за катаракта и рефрактивна хирургија, кој се одржа на 24 октомври во Загреб, Др. Фанка Гилевска, која е дел од врвниот тим на Систина Офталмологија, ја доби наградата “Зерголен Чупак” за најдобар научен труд во секцијата Млади офталмолози, во конкуренција од 17 учесници од Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина.
На овој конгрес тимот на Систина Офталмологија беше поканет да присуствува заедно со повеќе од 300 офтамолози од Хрватска и регионот, како и предавачи од цела Европа и САД. На конгресот беа претставени новитети од областа на Катарактата и рефрактивната хирургија, Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија, Медицинска и Хируршка Ретина, Глауком – дијагноза и терапија.
Д-р Златко Арнаудовски во улога на претседавач на секцијата за Катаракта и рефрактивна хирургија одржа предавање на темата Хирушки третман на вродена катаракта (перде) и ги пренесе искуствата на Систина Офталмологија. Додека Др. Билјана Костовска одржа предавање и ги пренесе искуствата од работата на Одделот за рефрактивна хирругија на Систина Офталмологија во рамките на Секцијата за Рожница (корнеа) и рефрактивна хирургија. На конгресот присуствуваа и др. Виолета Бучковска и др. Илир Османи кои ги следеа презентациите и разменија корисни искуства со своите колеги.
Во рамките на конгресот се одржа “Live surgery” симпозиум во соработка со италијанскиот конгрес “Videocatarattarefrattiva” на кои партнерската клиника на Систина Офталмологија, Универзитетската клиника Свјетлост од Загреб, беше по трет пат повикана да учествува со директен пренос на имплантирање на најнови модели на мултифокални и монофокални леќи во Милано. Универзитетската клиника Свјетлост беше наградена со “Best Live Surgery 2015” во конкуренција со најдобрите клиники во Милано, Каиро, Инстанбул и Букурешт, и на проф. др. Никица Габриќ му беше доделена награда за животно дело.