Утре е светскиот ден на штедењето, штедите ли вие?

„Искуствата се штедни влогови кои скржавите луѓе ги чуваат на страна. Мудроста е наследство кое ниту оние што најмногу трошат не можат да го исцрпат“.

utre-e-svetskiot-den-na-stedenjeto-stedite-li-vie.jpg

Што се однесува до искуствата и мудроста, оваа мисла на австрискиот писател и новинар Карл Краус звучи како добра опсервација, но во однос на парите, сепак треба да бидеме прилично мудри и доволно скржави за да си обезбедиме сигурна и малку поизвесна иднина со тоа што едноставно - ќе штедиме.

Штедењето како чување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството.

На денешен ден, во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во МиланоИталија, концептот на штедење го одобрија 29 земји, кои ја согледаа потребата од подигнување на свеста кај светската јавност за  важноста на штедењето за економијата и поединците.  Од тогаш, 31 октомври е прогласен за светски ден на штедењето.

Иако склоноста кон штедење на македонските граѓани е ниска во однос на другите земји во поблиското и подалечното окружување, охрабрува и растот на депозитите во време на турбулентни економски движења во Европа и во светот.

Освен каматните стапки, променетиот систем на исплата на платите (трансакциски сметки) и се поголемото учество на безготовинските плаќања, довербата во денарот како национална валута и растот на довербата во ценовната стабилност на системот во целина се голем дел од мотивите што ги охрабруваат македонците да штедат.

Во таа насока, добредојдени се неколку совети за поттикнување на штедењето и едноставни препораки за тоа како најуспешно да штедите.


Размислувајте долгорочно

Штедењето е најповолно средство за планирање на иднината. Во ситуација кога повеќето Македонски семејства се соочуваат со проблеми околу купување на недвижнини, автомобил или подалечно патување, штедењето понекогаш е единственото решение. На многумина им се чини бесмислено да штедат за високо образование на своето малолетно дете, но ако зборуваме за планирање на иднината или долгорочно штедење, тоа е првиот чекор за минимизирање на финансиските проблеми кои не можат одеднаш да се решат.


Одберете го начинот на штедење кој најмногу одговара на вашите потреби

Штедејќи во банка, за разлика од другите начини на штедење, вашите депонирани средства умерено ќе се зголемуваат во однос на висината на каматата. Можете да штедите во денари или во девизи. Фондот за осигурување на депозитите врши 100% обесштетување на осигурените депозити со износ до 30.000 евра во денарска противвредност по депозит и по клиент во една банка, пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на укинување на дозволата за работење на банката.

 
Запознајте се со сите услови

Детално распрашајте се за типовите на штедење, условите, каматната стапка (фиксна или променлива) и на кои начини се пресметува, рокови за орочување, под кои услови можете да ги подигнете веќе орочените средства или предвремено да го разорочите депозитот. 


Бидете трпеливи и упорни

Еден од основните предуслови за успешно штедење е трпеливост и упорност, особено доколку имате цел која саката да ја постигнете. По истекот на периодот на орочување и доколку тоа другите обврски ви го дозволуваат, орочете го одново целиот износ зголемен за добиената камата. Со упорно и редовно издвојување на средства, дури и мал износ, во текот на долг временски период, ќе заштедите голем износ. 

Еве еден практичен и едноставен начин како да започнете да штедите мал иснос, но доволен за почеток. Ако неделно издвојувате само 50 денари и секоја недела го зголемувате својот влог за 50 денари, во рок од 52 недели, односно една година, ќе имате дури 70.000 денари заштеда.

Сé што ви е потребно е желба за штедење, трпеливост и упорност.


Избегнувајте штедење дома

Не дозволувајте единствена причина да ви биде можноста на располагање со средствата кога тоа ќе го посакате. Треба да сте свесни за сите ризици кога ги чувате парите дома, вклучувајќи и безбедносни ризици, кражби, поплави, пожари. И најважно; вредноста на парите не само што нема да се зголеми, туку и ќе биде помала поради износот на инфлацијата.


Штедење со рационално трошење

Најдобриот начин да се штеди е со рационално трошење. Ако го планирате вашиот семеен буџет на месечно или на неделно ниво, со тоа ќе ги намалите трошоците. Избегнувајте импулсивни купувања, нешта што не се есенцијални, рационално користете ја енергијата во домаќинството и обидете се да ги реискористувате нештата што веќе ги имате. 


Одберете ја најоптималната понуда

Со понудата на широка палета иновативни производи за штедење, целосно ориентирани кон потребите на граѓаните, Стопанска банка се стреми да биде партнер од доверба со цел да ги поддржи личните потреби и очекувања на своите коминтенти за остварување на соништата и максимални животни постигнувања.  За повеќе информации во врска со условите и начините на штедење, калкулатори за пресметки и поголема финансиска едукација посетете ја страницата http://www.stb.com.mk/depoziti.nspx

Би можело да ве интересира:

Ѕвездите на битолското кабаре на хедонистички одмор на Халкидики (фото) Коктели, тенис на плажа, пури, вечерни излегувања - ѕвездите на битолското кабар...
Семос Едукација и МАСИТ ги здружија силите да им овозможат на македонските компании побрз пристап до... Семос Едукација со поддршка на МАСИТ и М6 едукативниот центар, одржа настан каде...
Младенци донираа пакети школски прибор во Црвен крст, собрани од гостите на нивната свадба Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Општинск...
Синот на Тони Михајловски летото го поминува во спортски дух – Најзабавните видеа од неговите подвиз... Александар Михајловски е вистински пример за младите. Трча маратони, се пријавув...
Денес се слави Свети Павел Исповедник - На овој ден не треба да позајмувате пари На 19-ти ноември православните христијани го слават празникот Свети Павел Испове...
Ќеркичките на Христина Пан наполнија 2 години - Како принцези во бело по тешката битка на Тара Една година откако Христина Пан и нејзиниот сопруг дознаа дека една од нивните б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg