„Вие креирате. Ние поврзуваме.“ - Телеком конкурсот за иновации за 2015 година е отворен!
- Детали
- вторник, 15 септември 2015
Телеком конкурсот за иновации е повторно во потрага по паметни иноватори ширум светот. Новите компании и иноваторите можат да го пријават своето учество до 15 октомври на овој линк во три категории.
Конкурсот нуди единствена можност за учество на ексклузивниот Саем за иновации (Innovation Expo) во Будимпешта, каде новите компании можат да остварат средба со деловните единици на Дојче Телеком. Согласно темите што се во фокусот на интерес на Дојче Телеком, поднесените решенија треба да покриваат една од категориите: Смарт анализа на податоци (Smart Data Analytics), Комуникации на иднината (Future Communication) или Индустрија (Industry) 4.0/ Интернет на нештата (IoT). Со оглед дека Дојче Телеком бара зрели идеи, тимовите треба да презентираат барем работен прототип.
За првпат тимовите што се пријавуваат, имаат можност да се приклучат на единствениот настан што ќе се случува во Будимпешта на 12 ноември оваа година, а на кој може да се присуствува само со покана. Со саемот за иновации креирана е платформа за унапредување на размената на идеи меѓу новите компании и корпоративниот свет на Дојче Телеком. Покрај учество на саемот, тимовите имаат можност да се сретнат со лица на раководни позиции во деловните единици на Телеком, во единиците за заеднички потфати и националните компании.
Телеком Конкурсот за иновации беше креиран во 2013 година од страна на Лабораториите за иновации на Телеком во Берлин, T-Мобиле Полска и Маѓар Телеком во Унгарија. Од 2014 година наваму конкурсот е поддржан од сите инкубатори на Дојче Телеком - hub:raum во Берлин, Краков и Тел Авив, заедно со Kitchen Будимпешта и UQBATE, програма за вработени. Учество земаат и други национални компании во Телеком Групацијата од Централна и Источна Европа.