Македонците не споделуваат содржина од брендови на Facebook

Истражувањето на Рејтинг покажува дека објавите на локалните брендови се споделуваат нешто помалку од 5 пати во просек

makedoncite-ne-spodeluvaat-sodrzina-od-brendovi-na-facebook.jpg

Најуспешните македонски брендови на Фејсбук просечно добиваат по 62 лајка на едена објава, нешто повеќе од 5 коментари и 4,7 споделувања. Ова се резултатите од најновото истражување на Агенција Рејтинг, коешто ексклузивно ќе биде презентирано на овогодишната конференција AllWeb. Главна цел на истражувањето е анализа на ефективноста на македонските брендови и компании при користењето на Фејбук како канал за комуникација.

Според Никола Спасов, директор на Рејтинг, овие бројки не делуваат толку лошо, но мора да се има на ум дека просекот е постигнат благодарение на спонзорираните Фејсбук објави кои се неизбежен дел од онлајн маркетинг стратегиите на големите брендови. „Истражувањето има два дела, квантитативна и квалитативна анализа. Во првиот дел анализирани се видот на содржината и добиените интеракции на преку 3600 споделени постови од страна на 45 најактивни македонски компании и брендови на Фејсбук. При квалитативната анализа на преку 300 објави навлеговме длабоко во самата содржина, анализирајќи ги интензитетот и степенот на присутност на емоциите во самите постови, како и други фактори кои поттикнуваат на споделување и интеракција“- вели Спасов.

Истражувањето покажува дека компаниите најчесто споделуваат фотографии, дури 69% од постовите, 14,6% од сите постови се линкови, 6% се текстуални објави, додека само 3,5% отпаѓа на видео содржина. Анализата покажува дека компаниите сѐ уште многу малку инвестираат во оригинална содржина наменета за социјалните медиуми. Најголем дел од постовите се во функција на промоција на производи или услуги, при што истите ретко содржат елементи и емоции кои поттикнуваат споделување или интеракција.

„Детални анализи и истражувања за тоа кои се основните предуслови за една содржина да стане вирална во светски рамки веќе одамна се прават. Такво нешто недостасуваше кај нас, заради што решивме фокусот на годинешново истражување да биде ставен на тоа каква содржина пласираат нашите компании и колку таа ги исполнува предусловите за виралност. Инаку, резултатите велат дека една содржина за да биде вирална, пред сѐ треба да буди силни емоции, но и да содржи низа други елементи“  додава Дарко Булдиоски, организатор на конференцијата.

На AllWeb учесниците ќе имаат можност ексклузивно да се запознаат со деталите од истражувањето и да слушнат препораки за подобрување на своите дигитални стратегии и презентација на Фејсбук.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Македонски инфлуенсерки кои блескаат со труднички сјај Шијакоска и Ѓоргиева се другарки бремени во исто време, Софија Јанева сподели де...
Маја Гугоска е креативна охриѓанка која прави совршени новогодишни колачиња и декорации „Нема шанси ако нешто сум видела и ми привлекло внимание да не го пробам. Колачи...
Манекенката Бојана Нушкова згодна на плажа – позира во танга бикини, гордо ги покажува стриите (фото... Нашата манекенка Бојана Нушкова е доказ за природна убавина која зрачи сексапил ...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg